Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Арсовска води кампања со членови на „Тодор Александров“, дали значи дека Каракачанов и средил државјанство?

Кандидатката за градоначалник на град Скопје, Данела Арсовска, постојано повторува дека таа е нападната како жена, но никако да објасни дали има или нема бугарско државјанство иако личната карта за која објавија од СДСМ е валидна и регистрирана во Петрич, округ на Благоевград во Бугарија, пишува Frontline.mk.

Кога некоја жена тврди дека е нападната заради тоа што е жена тогаш нападите или насилството врз неа мора да се врз родова дискриминација, а не затоа што ја напаѓаат оти ја лаже јавноста за бугарската определба. Но, Арсовска е позната по тоа дека наместо да одговори, таа напаѓа во одговорите и мисли дека така ќе се извлече од скандалот.

Но, скандалот со бугарската лична карта продолжува со фотографиите на кои се гледа дека таа кампањата ја води со членови од бугарофилското здружение „Тодор Александров“.

Тоа е наводно патриотско здружение, а всушност е бугарска инсталација во државава, приврзаници на Красимир Каракачанов. И така стигнуваме до логичното прашање дали Каракачанов влијаел кај бугарските власти со указ да и се додели државјанство и лична карта на Арсовска? – пишува  Frontline.mk.

Целиот текст на Frontline.mk.

Спонзорирано: