Centar.mk
МАКЕДОНИЈАИЗБОР

СДСМ Скопје – Зошто Данела Арсовска бега од новинарски прашања?

Соопштение на СДСМ Скопје:

Данела Арсовска не заслужува да биде ни кандидат за градоначалник на Скопје затоа што бега од дебати, не одговара на новинарски прашања и ја потценува јавноста.

Најновото бегство од јавноста на Данела Арсовска е неодржувањето на нејзината редовна прес-конференција, со што им се оневозможува на новинарите да и поставуваат било какви прашања од интерес на скопјани.

Ваквата практика на бегање од јавноста, неодговарањето на директни прашања од јавен интерес и арогантниот однос кон новинарите, не враќа во време на режимот на Никола Груевски кога практично беа укинати ТВ дебатите.

Скопје се сеќава на медиумскиот мрак кога Никола Груевски и Коце Трајановски бегаа од дебати за да не одговараат на конкретни прашања за уништувањето на градот со проектот „Скопје 2014“ за кој првично ветуваа дека ќе чини 80, а потрошија околу 700 милиони евра.

Скопје се сеќава на медиумскиот мрак кога студенти беа насилно дислоцирани од плоштадот, кога специјалци влегуваа во А1 телевизија и го штитеа уништувањето на паркови и сечењето дрвја за барокните згради и фасади на Груевски и Коце Трајановски.

На Скопје не му треба повторно медиумски мрак и градоначалник кој бега од дебати и ја потценува јавноста. Скопјани ќе ја казнат во недела Данела Арсовска, затоа што со својот арогантен однос ја потценува јавноста.

Можеби ќе ве интересира

ПРВО ТЕМПЕРАТУРИ ДО 25°C, А ЗА ВЕЛИГДЕН СИЛЕН ДОЖД И СНЕГ НА ПОВИСОКИТЕ МЕСТА: Синоптичарите излегоа со повеќедневна прогноза

ДЕСК

Маж од Кичево возел иако имал забрана за управување возило и удрил во малолетник, лишен е од слобода, возилото е одземено

ДЕСК

ПОЛИЦИЈАТА “УПАДНА” ВО НОЌНИ КЛУБОВИ ВО ОХРИД И СКОПЈЕ: Полицајците тресеа познати локали – констатирано дека клубови точеле алкохол, а обложувалница примало малолетници

ДЕСК