22. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Груевски му се јавил на Алек Теранова во 2018, му барал да купи стан во Центар за сопругата

Екс-премиерот Никола Груевски, кој откако беше осуден и требаше да ја издржи казната затвор побегна во Унгарија, каде што доби азил, во 2018-та година му се јавил на Алесандар Ивановски познат како Алек Теранова од унгарски број и покажал интерс за стан во Центар во кој ќе живеат сопругата и децата.

-Во 2018 година после неговото бегство, добив порака од унгарски телефонски број и Груевски ме прашуваше дали имам станови во Центар во Скопје за неговата сопруга. Му кажав дека немам, дека имам станови само во Аеродром во градба коишто ќе бидат готови во 2020 година, рече на денешното судење, Ивановски.

Груевски повторно се обидел да го контактира и во ноември, декември 2020-та година, откако пукна скандалот со Плацевите за водно.

Алек Теранова денес беше сведок на Обвинителството и соопшти дека тој случајно ги нашол и му ги открил “Плацевите на Водно” на поранешниот шеф на УБК, Сашо Мијалков, при што му посредувал купување како на добар пријател.

Инаку Ивановски е потписник на полномошното за отворање на фирма на “Сирах инженеринг”, фирма ќерка на офшор компанијата од Кипар којашто ги купи спорните плацеви. Фирмата е купувач на две парцели од 11.000 квадратни метри на Водно, кои според обвинението, екс премиерот Никола Груевски ги купил за себе и тоа со партиски пари. Управител на фирмата е кумот на Груевски, Ристо Новачевски.

Во случајот како осомничени се и Груевски, екс директорот на УБК, Сашо Мијалков, бизнисменот Орце Камчев, мајка му Ратка Камчева и Ненад Јосифовиќ.

Теранова соопшти дека овие зделки ги направил само да помогне како пријател на Сашо Мијалков. Компанијата била основана преку секретарката, со цел становите кои биле до домот на експремиерот, да не бидат во директна сопственост на Груевски.