Centar.mk
ТЕМАМАКЕДОНИЈАИЗБОРвест

Шилегов: Зошто Арсовска продолжува да ја лаже јавноста дека нема бугарско државјанство?

Имав прилика денеска да ги видам информациите во медиумите и искрено многу непријатно се изненадив, коментира актуелниот градоначалник на Скопје и кандидат за втор мандат, Петре Шилегов по објавата на СДСМ дека неговата опонентка Данела Арсовска имала бугарско државјанство.

– Не толку поради фактот дека има бугарско државјанство, за кое ако сакате да го добиете треба да се изјасните како Бугарин/Бугарка. Како се чуствува по националност и зошто и како земала државјанство, тоа е нејзина работа. Но она што ме загрижува мене, а верувам и сите скопјани е прво, зошто не ја кажува вистината во јавноста и второ зошто продолжува да ја лаже јавноста околу овој очигледен факт. Прашањето е за што уште не ја кажувала вистината и за што уште што кажа во кампањата е лага? Скопјани секако не заслужуваат ваков третман од некој кој претендира да биде градоначалник, очигледно Арсовска е склона кон криење на факти од јавноста. Сериозно се доведува во прашање нејзиниот интегритет и чесност како можен градоначалник на Скопје. Тоа е клучното прашање кое сега треба да си го постават и граѓаните и медиумите, вели Шилегов.

Можеби ќе ве интересира

Лишени од слобода осум возачи за безобѕирно управување возило, од нив еден без дозвола управувал возило кое го украл, а еден управувал трактор под дејство на алкохол, предизвикал сообраќајна незгода и го напуштил местото

ДЕСК

Пронајден возачот кои удри во малолетничка и избега, следува кривична пријава

ДЕСК

Вечерва слаб снег вее на овој патен правец, каква е состојбата на патиштата?

ДЕСК