24.8 C
Скопје
28. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
+МАКЕДОНИЈАИЗБОР

СДСМ објави нов скандал: ВМРО-ДПМНЕ се обиде да саботира тајна полициска акција во Битола во која беа уапсени двајца, полни со хероин

Соопштение за јавност-реакција на прес-конференцијата на Наум Стоилковски од ВМРО-ДПМНЕ:

ВМРО-ДПМНЕ повторно во одбрана на криминалот, се обиде да саботира тајна полициска акција во Битола

ВМРО-ДПМНЕ уште еднаш застана на страната на криминалот и криминалците.

Нивниот портпарол јавно на прес-конференција се обиде да осуети и деконспирира полициска акција за апсење на наркодилери од Битола.

Како што објави и Министерството за внатрешни работи, во текот на вчерашниот ден, припадници на единицата „Тигар“ и припадници на СВР Битола вчера уапсиле две лица од Битола кај кои пронашле хероин.

Со ваквите потези, со јавно објавување фотографии и имиња на вработени во МВР, ВМРО-ДПМНЕ се стави во директна одбрана на наркодилери од Битола.

Додека полицијата апси и се бори против криминалот, ВМРО-ДПМНЕ се обидува да саботира полициски акции и да брани криминалци, при тоа врзувајќи ги со дневна политика во страв од извесниот пораз што ги чека во недела.

Јасна е спрегата на ВМРО-ДПМНЕ и криминалците во државата, тоа го знаат и граѓаните, затоа во недела ги чека нов убедлив пораз на избори.

Тигрите вчера апсеа дилери во Битола, пронајден хероин

Спонзорирано: