Centar.mk
МАКЕДОНИЈАвест

Илиевски : Тоде Мендол ќе биде модерна населба која сите заедно ќе ја изградимe

„ Само со визија, стратегија и акција ќе стигнеме до целта, само така сите сложно ќе си го изградиме Куманово и сите населби. Сега ни е шанса да си го изградиме Куманово какво сите ние го сакаме“- порача Оливер Илиевски, кандидат за градоначалник на општина Куманово од СДСМ и коалицијата на мини митинг во населбата Тоде Мендол во Куманово.

Во присуство на претседателот на СДСМ Зоран Заев, потпретседателот Оливер Спасовски и пратениците од Куманово, Илиевски вети изградба на водоводна и канализациска мрежа.

„Ќе ги асфалтираме улиците и за четири години повеќе нема да разговараме за овој проблем, не може во 21-ви век да разговараме за основни услови за живот и не застануваме тука. Ќе изградиме нова гимназија и техничко училиште сите деца треба да учат во нормални услови, а ќе изградиме и градинка во Тоде Мендол“ -рече Илиевски.

„За решавање на проблемот во сообраќајот ќе ја приклучиме улицата Тоде Мендол со автопатот. Тоа го разговаравме со министрите за внатрешни работи Оливер Спасовски и транспорт и врски Благој Бочварски, ќе направиме клучка и ќе го растеретиме сообраќајот за граѓаните да не заобиколуваат да стигнат до автопатот.“
„Не застануваме тука ќе изградиме модерно мултифункционално игралиште, шеталиште ,, Поток Серава“, парк, тротоари и улици, а Тоде Мендол ќе биде урбана и модерна населба, а Куманово за четири години ќе биди чист, зелен, модерен европски град каков сите ние заслужуваме“-порача Илиевски од Тоде Мендол.

Можеби ќе ве интересира

Филипче: Пари за 600 евра минимална плата само со кратење на луксузот на власта

ДЕСК

Обвинителството оформи предмет по допрен глас за наводите за транспорт на мозоци од починати лица во САД

ДЕСК

СДСМ: Молкот за дрогата од 5 тони е потврда дека скандалот оди до врвот на власта

ДЕСК