Centar.mk
МАКЕДОНИЈАвест

За 7-мина граѓани на Авганистан траен престој обезбеди Португалија, во Северна Македонија во моментов 400 со привремен престој

4-ца возрасни и три деца изутрината од Меѓународниот аеродром Скопје преку Истанбул, заминаа за Португалија како нивно трајно одредиште.

Станува збор за вработени во меѓународни организации и нивни семејства на кои во изминатиот период нашата земја им обезбеди привремено засолниште во рамки на меѓународната хуманитарна операција за помош на продемократското население во Авганистан кое е под закана на новата талибанска власт во земјата.

Северна Македонија во моментов дава прибежиште на 407 граѓани од Авганистан.

Тие овде ја добиваат целата потребна поддршка додека не се обезбеди трансфер до нивната крајна дестинација. Трошоците за престојот се покриени од меѓународните организации.

Можеби ќе ве интересира

Снег на Попова Шапка, магла на одредени патни правци, сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови

C +

Утре променливо облачно и релативно топло

C +

Филипче: Пари за 600 евра минимална плата само со кратење на луксузот на власта

ДЕСК