10. септември 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ТЕМАМАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

СДСМ: Минималната плата од 1 јануари ќе биде 18.000 денари, просечната порасна на 28.642 денари

Овие избори се од исклучителна важност за нашите општини, за државата, затоа што исходот го трасира патот кон напредокот и развојот или кон враќање назад во мрачното режимско време,соопшти СДСМ.

„ Вистинскиот пат е со СДСМ, бидејќи изминатите четири години поставивме високи економски стандарди. Минималната плата ја покачивме на 15.200 денари, а таа до пред четири години беше 9.000 денари.

Од први јануари минималната плата ќе биде 18.000 денари или триста евра согласно економските движења и растот на економијата. Државниот завод за статистика објави дека просечната плата за август оваа година изнесува 28.642 денари, што е за четири отсто повисока од истиот месец од претходната година.

Тоа е вистинскиот пат по кој треба да се движи нашата земја, нашата економија. За да продолжи овој тренд на економски раст и развој, за да продолжи помошта кон граѓаните, кон стопанството треба да се даде гласот за опцијата која води напред.

А опцијата која води напред е СДСМ и Коалицијата, тоа е најдоброто за нашите општини, за нашата држава. Затоа на 31 октомври, гласајте за број 12, за да продолжи напредокот“ порачаа од владејачката партија.

Можеби ќе ве интересира

„EXIT“ во Скопје? Што кажа Орце – а што кажува самиот фестивал

C +

Шукова: Ќе го завршам проектот за прочистителна станица во Трубарево време е за зелено Скопје и здрава средина

C +

Филипче во Франција лобира за Македонија: Резолуцијата е гаранција за заштита на националните интереси

C +