Centar.mk
МОЗАИК

Русија: 24 лица починаа од труење со алкохол

Судот во Екатеринбург издаде налог за апсење на две лица инволвирани во инцидентот.

Во федералниот округ Урал во Русија од 7 октомври досега од труење со метил алкохол починаа вкупно 24 лица.

Според руските медиуми, сите жртви на труење со метил алкохол живееле во Екатеринбург.

Судот во Екатеринбург издаде налог за апсење на две лица инволвирани во инцидентот.

Метанол (исто така познат како метил алкохол) е наједноставниот алкохол. Тој е многу отровен. Тој го зазема најважното место во современото индустриско производство, во однос на другите видови алкохол.

Урал е географски регион лоциран околу планините Урал, помеѓу источноевропските и западносибирските рамнини.

Можеби ќе ве интересира

Дневен хороскоп за 15 јануари 2026

ДЕСК

Емоции, пари и тајни одлуки: Што навистина носи 14 јануари за хороскопските знаци

ДЕСК

Февруари носи пресврт за Вагите по две години искушенија и несреќи: Судбината конечно им враќа со добро

ДЕСК