Centar.mk
МАКЕДОНИЈАвест

ПОЖАР КАЈ ТЦ СКОПЈАНКА: Изгореа 6 возила, едно лице заврши на Клиника- еве ги деталите

На 24.10.2021 во 09.16 часот во СВР Скопје било пријавено дека во близина на трговски центар „Скопјанка“ настанал пожар во комбе „форд транзит“ со скопски регистарски ознаки, сопственост на Т.Т.(59) од Скопје.

Од пожарот биле зафатени и патничко возило „фолксваген тигуан“ со прилепски регистарски ознаки, патничко возило „опел вектра“ со кочански регистарски ознаки, патничко возило „цитроен“ со скопски регистарски ознаки, патничко возило „фолксваген кеди“ со скопски регистарски ознаки и патничко возило „тојота“ со скопски регистарски ознаки. При обид да го изгасне пожарот, Т.Т. вдишил чад и бил пренесен во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ за укажување лекарска помош.

Пожарот бил изгаснат од екипа од Бригадата за противпожарна заштита Скопје.

Увид бил извршен.

Можеби ќе ве интересира

ПОДГОТВЕТЕ СЕ ЗА ОБЛАЦИ И ДОЖД ОВОЈ ВИКЕНД, А ОД ВТОРНИК И ЗА ПАД НА ТЕМПЕРАТУРИТЕ – Синоптичарите објавија четиридневна прогноза

ДЕСК

Пукање во Скопје: 15 годишник нападнат од двајца малолетници, едниот извадил пиштол – репетирал и пукал

ДЕСК

Хорор во Скопје: Три малолетнички нападнати, тепани и снимани со мобилен телефон од четири женски лица

ДЕСК