– Ресен се обединува бидејќи народот на Преспа сака да оди напред. Денес се сретнав со раководството на ДУИ во Ресен и се заблагодарив за нивната поддршка на концептот кој обединува, соопшти премиерот Зоран Заев.
Заев се сретна и со раководството на БЕСА, а имаше средба и со граѓаните.
Се обединуваме за да продолжи развојот на Ресен, за парите да продолжат да се враќаат кон граѓаните и земјоделците.
– Во овие четири години постигнавме сериозни успеси во делот на економијата. Сите плати се во просек зголемени за над 6.000 денари или за најмалку 100 евра. Невработеноста е на историски најниски 15,9%, за 300% ја зголемивме социјалната помош, зголемени се субвенциите за земјоделците, преку проектот Мој ДДВ преку 36 милиони евра вративме кај над 400.000 граѓани за само две години
Што се однесува до земјоделците, до овоштарите и јаболкарите, кои се најзастапени во Ресен, за 20% ги зголемивме субвенциите за одржување на овошни насади за земјоделците со развоен капацитет, а субвенцијата за предадени јаболка се зголеми од 2 на 3 денари по килограм.
Субвенцијата за одржување на насади е повторно зголемена и тоа од 33.000 денари на 41.000 денари по хектар, а дополнително, кај оние овоштари кои имаат од 1 до 5 хектари поддршката порасна од 39.600 на 50.000 денари по хектар.
За овоштарите кои имаат насади во подрачја со ограничени можности во области над 700 метри надморска височина, како што е овој регион субвенциите се зголемени за
дополнителни 15%, односно поддршката изнесува 57.500 денари по хектар.
И овие успешни политики мора да продолжат. А ќе продолжат само ако сме сплотени, само ако сме обединети околу идниот развој на Ресен и на државата.
Ги повикувам сите граѓани, да се обединиме и на 31 октомври да гласаме за да продолжи грижата за граѓаните, да продолжи помошта кон земјоделците, да продолжат да растат платите, а парите да се враќаат назад кај граѓаните.
Да гласаме да продолжи развојот на Ресен, да гласаме за број 12 и Живко Гошаревски, порача премиерот Зоран Заев.