Centar.mk
ТЕМАМАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИвест

СДСМ: Мицкоски призна дека оставката на членот на комисијата е негово дело, ВМРО-ДПМНЕ продолжува да ги поткопува државните интереси

– Мицкоски вчера доживеа нов дебакл, бидејќи случајно или не призна дека оставката на членот на Комисијата за историски и за образовни прашања помеѓу Македонија и Бугарија, Ванчо Ѓорѓиев е негово дело и по негова инструкција, се вели во соопштението на СДСМ.

– Фактот дека Мицкоски ги повикува и останатите членови на Комисијата и тие да си дадат оставка е потврда дека Мицкоски прави обиди да ги поткопа позициите на државата и да ги влоши нашите односи со Република Бугарија.

И покрај тоа што лажните вести на Ѓорѓиев за наводни притисоци врз работата беа демантирани, тоа не го спречува Мицкоски во неговите лаги и деструкции.

Граѓаните одамна го прочитаа ваквото неодговорно, антинародно и антидржавно однесување на Мицкоски, затоа одново ќе биде казнет од граѓаните, велат од СДСМ.

Можеби ќе ве интересира

(Видео) Не гледам потреба за одржување на предвремени парламентарни избори, вели премиерот Мицкоски

C +

Уништени над 1 тон небезбедна храна од продавниците за здрава храна

C +

Филипче: Единствениот булинг на македонскиот народ му го прават ВМРО-ОКГ и Мицкоски

C +