12.8 C
Скопје
25. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
+МАКЕДОНИЈАИЗБОР

Илиевски: Итна промена на водоводна мрежа на Никола Тесла

Оливер Илиевски, кандидатот на СДСМ за граодначалник на Куманово денеска оствари средба со жителите на Никола Тесла, при што истакна дека приоритет е промена на водоводната мрежа, асфалтирање улици и изградба на канализација, вклучувајќи ги и Љубодраг, Умин дол, Ново село, Романовце, Агино село, Биљановце и други.

„По деталното скенирање кое се вршеше во текот на измината година низ сите месни заедници, населби, маала, улици, за „Никола Тесла“ како приоритети кои се ставени во нашата Програма е реконструкција на водниот режим и замена на азбестните водоводни цевки и решавање на проблемот со атмосферската канализација. Кумановци залужуваат чиста вода за пиење.

Нема повеќе оправдувања, во 21- от век веќе нема простор да се зборува за инфраструктурни и канализационите проблеми. Тоа се основни потреби на еден граѓанин и на едно населено место.„

Илиевски потенцираше дека предвидена е и изградба на пешачка патека и раззеленување на просторот, проект којшто граѓаните од овој дел го бараат.

„Во програмата „Најдоброто за Куманово“, предвидуваме изградба на пешачка патека покрај реката Којнарка од нас. Средорек па сé до училиштето „Киро Бурназ“. По должина на патеката предвидено е и хортикултурно уредување кое ќе допринесе за раззеленување на самата локација, како и изградба на тротоар кој е неопходен особено доколку се земе во предвид дека овде поминуваат ученици од едно подрачно основно и едно средно училиште.“

Спонзорирано: