Centar.mk
ТЕМАБИЗНИСТОП ВЕСТИ

Оние кои земале 14.500 од први јануари би земале 18.000, најавен раст на минималната плата, но и значителен раст и на пензиите

Синдикатот, работодавачите и Владата започнаа преговори за зголемување на минималната плата. Синдикалците бараат минималецот да изнесува најмалку 18 илјади денари. Властите велат дека целта им е не само минималната, туку во исто време да расте и просечната плата во Македонија.

Од Организацијата на работодавачи сметаат дека зголемувањето само на минималната плата во компаниите може да предизвика незадоволство кај работниците кои се издвојуваат по својата ефективност.

Синдикалците започнаа преговори со властите и стопанствениците за раст на минималецот во висина од 18 илјади денари.

Премиерот најави ваква мерка уште пред неполн месец и рече дека минималната плата од следната година ќе биде 18.000 денари, што ќе предизвика раст на платите генерално. Најавен е и значителен раст на пензиите, чиј раст ќе биде врзан со просечната плата.

Можеби ќе ве интересира

Споделувајте по ваши правила со Galaxy S26 Ultra

ДЕСК

Нафтените гиганти го предупредуваат Трамп: „Кризата ќе ескалира, постои само едно решение“

C +

ДРЖАВАТА ДЕЛИ ВАУЧЕРИ ЗА ГРАТИС КЛИМА ИНВЕНТЕРИ: Објавени списоците на граѓани кои се стекнаа со право на инвертер клима – започнува постапката за подигнување ваучери, рок 30 дена

ДЕСК