Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Братот на Тони Михајловски ,, МАКСО ПАРЕ ДА ВРАТИШ”

По информациите од членовите на ВМРО ДПМНЕ од Куманово дека Максим Димитриевски направил договор да ги купи гласовите од ДПМНЕ , се огласи и Бобан Михајловски, братот на Тони Михајловски, кандидатот за градоначалник од ВМРО ДПМНЕ, кој не освои доволно гласови за вториот круг на локалните избори,објави News33.

Братот на Михајловски објави статус на социјалната мрежа фејсбук со наслов ,, Максо паре да вратиш”.
На статусот кој го објави братот на Михајловски е нацртана карикатура со ликовите на Максим Димитриевски каде го држат Бране Петрушевски, претседател на општинскиот комитет на ВМРО ДПМНЕ од Куманово, Елена Божиновска носителката на листата за советници и нејзиниот сопруг Игор Божиновски, да не го нападне лицето кое наводно ги земало парите за гласовите на Димитриевски.

Дека има раздор во ДПМНЕ во Куманово потврдуваат и самите членови кои сакаат да останат анонимни до завршувањето на изборниот процес, по што најавија дека ќе ја кажат вистината за купените гласови.

Братот на Михајловски со натпис ,, Максо паре да вратиш”

Можеби ќе ве интересира

ГОЛЕМА ПРОМЕНА НА ВРЕМЕТО ВО МАКЕДОНИЈА – Дождови и магла од петок, во недела се очекуваат пообилни врнежи

ДЕСК

МИЦКОСКИ ОЧЕКУВА СОРАБОТКАТА СО СРБИЈА ДА ПРОДОЛЖИ – Опозицијата бара одговори за можни врски

ДЕСК

СДСМ: Како да има Мицкоски добри односи со студентите од Србија, кога Вучиќ им праќаше силеџии да им ги кршат главите, а тој со него пиеше вино?

ДЕСК