Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

35 Авганистанци ја напуштија земјава и заминаа за Грција каде ќе добијат траен престој

35-мина граѓани на Авганистан кои привремено престојуваа во Северна Македонија денеска заминаа за Грција која им обезбеди трајно прибежиште, информираа од Владата.

Групата ја сочинуваат активисти за човекови права и женски права и членови на нивни семејства.

„Во изминатиот период нашата земја им обезбеди привремено засолниште како дел од големата меѓународна операција за помош на вработени во хуманитарните, демократски и миротворни меѓународни мисии, активисти од организациите за човекови права, преведувачи, студенти и стипендисти и нивни семејства, а се под закана на новиот талибански режим во земјата“, соопштија владините служби.

Во земјава престојуваат 407 граѓани од Авганистан.

Институциите, како што е посочено, во текот на нивниот престој им ја пружаат целата потребна поддршка додека не се обезбеди трансфер до нивната крајна дестинација. Трошоците во целост се покриени од меѓународните организации.

Можеби ќе ве интересира

Бугарски државјанки осомничени за кражба на банкарски картички и паричници во Скопје

ДЕСК

Викендот носи снежен удар и силен ветер температурите паѓаат под нулата – детална прогноза за следните 4 дена

ДЕСК

Млада скопјанка се наполнила со пари на туѓа мака – еве како измамила повеќе луѓе

ДЕСК