3.8 C
Скопје
20. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Од Атина упатен повик, претставниците на законодавните домови да се заложат за мерки за безбедна и здрава животна средина

Европската конференција на претседатели на парламенти која се одржува во Атина на 21 и 22 октомври, во организација на грчкиот парламент и Парламентарното собрание на Советот на Европа, на која учествува Претседателот на Собранието на Република Северна Македонија, Талат Џафери, ја отворија Претседателот на грчкиот парламент, Претседателот на Парламентарното собрание на Советот на Европа и генералната секретарка на Советот на Европа.

Воведничарите, изразувајќи задоволство поради физичкото присуство на 48 претседатели на парламенти, ја истакнаа важноста на темите за кои ќе се дебатира во текот на дводневниот самит и предлозите кои би требало да се упатат до владите за преземање на активности со цел надминување на денешните предизвици. Во однос на темата за споделување на искуства за предизвиците кои пандемијата со Ковид-19 ги наметна врз демократиите и за решавањето на слични кризи во иднина, беше подвлечена важноста на парламентите како гаранти на демократијата во време на криза и беше поздравен фактот што повеќето парламенти успееја да ги обезбедат неопходните прилагодувања на нивните правила и процедури со цел да продолжат да ги извршуваат уставните улоги за време на пандемијата.

Во освртот улогата на парламентите и правото на здрава и одржлива животна средина, беше упатен повик претставниците на законодавните домови да се заложат за усвојување на мерки со кои ќе се обезбеди правото на безбедна, чиста, здрава и одржлива животна средина, вклучително и преку дополнителен протокол кон Европската конвенција за човекови права, кој треба да биде правно обврзувачки за земјите членки. Експлицитното признавање на правото на здрава и одржлива животна средина во Европа како и во другите региони во светот, ќе го отвори патот за решителна акција и на европско и на национално ниво.

Според агендата, Претседателот Џафери ќе се обрати на вториот ден на Конференцијата, на темата „Заедничката иднина на сите европски граѓани“, а на маргините на Конференцијата предвидени се средби со домаќинот, претседателот на грчкиот парламент и со потпретседателката на шведскиот парламент.

Спонзорирано:

Можеби ќе ве интересира

Кривична пријава против лице од Скопје за загрозување на животната средина и природата со отпад

M T

Поднесена кривична пријава против скопјанец за загрозување на животната средина и природата со отпад

M T

Голем шумски пожар во Атина, зафатени се куќи ,евакуирана е детска болница

M T

Шумски пожари во близина на Атина, еден град е евакуиран

M T

Министерот Спасовски во Атина на Министерска конференција во рамки на претседавање на Елинска Република со Процесот за соработка на Југоисточна Европа

M T

100 дена Влада: Цврсто газиме по трасираниот пат кон чиста и зачувана животна средина

M T