Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Српски државјанин уапсен кај Гевгелија, шверцувал мигранти од Куба

На 19.10.2021 околу 15.45 часот на бензинска пумпа на автопат А1 – Гевгелија, полициски службеници од Полициска станица Гевгелија го лишиле од слобода Е.Е.(19) од Република Србија, затоа што во возило „форд галакси“, со скопски регистарски ознаки, кое го управувал, биле пронајдени 14 лица државјани на Куба, од кои две малолетни, со нелегален престој во државата.

За настанот бил известен Јавен обвинител, а лицето било задржано во Полициската станица Гевгелија за понатамошна постапка.

По целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.

Можеби ќе ве интересира

СИЛЕН ВЕТЕР НАД 80 КМ/Ч И ДОЖД ВО МАКЕДОНИЈА – УХМР со предупредување

ДЕСК

СИЛНИОТ ВЕТЕР СОЗДАЛ ПРОБЛЕМИ НА ПАТИШТАТА – Паднати дрвја и оштетена инфраструктура на важни правци

ДЕСК

Претседателката Сиљановска-Давкова ги прими акредитивните писма од новоименуваната амбасадорка на Република Естонија, Јана Ванамолдер

ДЕСК