23. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
.ТЕМАМАКЕДОНИЈАИЗБОР

Бројките растат: 487 новозаразени, 15 починати

Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје дека во последните 24 часа:

Направени се 3.491 тестирањe, а регистрирани се 487 нови случаи на КОВИД-19:
Скопје – 230, Куманово – 50, Штип – 28, Прилеп – 25, Кочани –20, Велес – 18, Битола – 13, Струмица – 10, Гевгелија – 9, Кавадарци, Охрид и Кратово – по 8, Тетово, Неготино, Свети Николе и Ресен – по 6, Кичево и Крива Паланка – по 5, Струга и Пробиштип – по 4, Радовиш и Виница – по 3, Валандово, Богданци, Крушево, Македонска Каменица и Пехчево – по 2, Берово и Демир Хисар – по 1.

Регистрирани сe 1487 оздравени пациенти од: Скопје – 690, Куманово – 130, Тетово – 82, Струмица и Кичево – по 60, Велес – 58, Прилеп – 45, Штип – 39, Охрид – 37, Битола – 36, Гостивар – 32, Делчево – 29, Струга – 25, Свети Николе – 24, Ресен – 19, Радовиш – 18, Кочани и Кавадарци – по 17, Дебар – 14, Крива Паланка – 11, Виница – 9, Гевгелија – 8, Македонски Брод – 5, Неготино, Берово и Демир Хисар – по 4, Пробиштип и Македонска Каменица – по 3, Крушево – 2, Богданци и Дојран – по 1.

Во текот на изминатите 24 часа регистрирани се 15 починати лица: 9 починати лица од Скопје (89г, 81г, 79г, 79г, 79г, 76г, 70г, 70г, и 61г), 3 починати лица од Куманово (74г, 74 г и 60г) и по едно починато лице од Валандово (83г), Кичево ( 63г) и Прилеп (59г). Сите пријавени лица се починати во болнички услови.

Дополнително, согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од Мој Термин, пријавени се уште 5 починати лица, со датум на смрт од 23.09.2021 до 12.10.2021 година. Регистрирани се четири починати лица од Скопје и Велес, на возраст од 33 до 83 години. Од пријавените лица 4 се починати во болнички услови, а еден во домашни услови.

Направени се 3.491 тестови преку: ИЈЗ-355, ЦЈЗ Скопје-64, ЦЈЗ Битола-77, ЦЈЗ Прилеп-37,
ЦЈЗ Тетово–42, ЦЈЗ Куманово-74, Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби-0, Судска медицина-1, лабораторија болница Козле-0, УК Пулмологија со алергологија –1, ГОБ 8-ми Септември-0, Институт за микробиологија–165, Жан Митрев (Филип Втори)-68, Авицена-187, Биотек-333, Систина-65, лабораторија Лаор-147, Синлаб-9, Ремедика-16, Плодност–19, Генеа-10, Никоб лаб-316, ВФВ Медикал-50, Ели Медика-46, Ројал Медика –22, Спектра-ММ-2, Рапид Лаб – 2, ЈЗУ и ПЗУ (рапид тест) – вкупно 1.383.

Досега во земјата се направени вкупно 1.351.460 тестирања на Ковид-19.
Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 198.156 бројката на оздравени пациенти е 185.459, на починати е 6.998, а бројот на активни случаи изнесува 5.699.