Centar.mk
ТЕМАМАКЕДОНИЈАИЗБОРвест

Весковски: Граѓаните одлучуваат помеѓу два концепта – бетонизација на Карпош и проевропски концепт со јасно движење на општината

„Граѓаните ќе имаат јасна прилика за кој концепт ќе ги дадат своите гласови во вториот круг. Во Карпош има два концепта, едниот е бетонизација на Карпош, а другиот е проеврпски концепт со проекти и јасно движење на општината“ кажа кандидатот за градоначалник од СДСМ и коалицијата, Душко Весковски на „Утрински брифинг“.

Тој додаде дека Стевчо Јакимовски поддржан од ВМРО-ДПМНЕ во минатиот негов мандат го смени демографскиот лик на општината и го бетонизираше карпош.

„Мора да имаме реални проекти за граѓаните, општината четири години беше блокирана и се уште е блокирана за жал. Не знам колку граѓаните тоа го разбираат, но општината има долг од 4 и пол милиони евра“ кажа Весковски.

Тој повтори дека во неговата програма се предвидува планска и хумана урбанизација на општината кон Злокуќани, Бардовци и касарната Илинден, а најави и изградба на голем парк, на 86 илјади квадратни метри, во Карпош 4, како и катна гаража кај Лептокарија.

Можеби ќе ве интересира

Филипче: Дефокусот служи за прикривање на кражбата, кучињата лаат- караванот врви

ДЕСК

Филипче: Нападите врз мене и СДСМ се зголемија по договорот „мигранти за пари“

ДЕСК

Променливо oблачно време до сабота, а потоа врнежи од дожд и снег

ДЕСК