Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
вестТЕМАМАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

До петок сонце, потоа заладување и врнежи од дожд – Метеоцентар со детална прогноза за времето

Денес времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност, претпладне во западните делови со зголемена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец.

До петок ќе се задржи стабилно и потопло време. По одделни котлини и речни долини ќе има појава на утринска магла, особено во четврток. Локални врнежи од дожд и заладување се очекуваат во сабота.

Прогноза за 21.10.2021
Минимална температура: 2°C до 10°C
Максимална температура: 16°C до 22°C
Наутро со појава на магла по котлините и речните долини. Преку денот сончево со мала, а на запад со умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен, а во западните делови повремен засилен ветер од југозападен правец.

Прогноза за 22.10.2021
Минимална температура: 2°C до 9°C
Максимална температура: 18°C до 23°C
Сончево со мала до умерена, а во западните делови на места зголемена облачност. Ќе дува слаб до умерен, а во западните делови повремен засилен ветер од југозападен правец.

Прогноза за 23.10.2021
Минимална температура: 5°C до 11°C
Максимална температура: 13°C до 18°C
Променливо облачно, попладне со локални врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен, а вдолж Повардарието засилен ветер од северен правец.

Можеби ќе ве интересира

Отежнато гасењето на пожарот во беровско – Вечерва координативниот состанок на Штабот за заштита и спасување на Општина Берово

ДЕСК

КОНЕЧНО ЌЕ ЗДИВНЕМЕ ОД ПЕКОЛНИТЕ ТЕМПЕРАТУРИ, ДОАЃА ПОВЕЌЕДНЕВНО ЗАЛАДУВАЊЕ СО ОСВЕЖУВАЊЕ ОД ДОЖД – Метеоцентар со неколкудневна детална прогноза

ДЕСК

НИ ВЕЧЕРВА НЕ СТИВНУВААТ ПОЖАРИТЕ, ГОРИ НА 15 ЛОКАЦИИ – 11 се активни пожари, 4 се под контрола

ДЕСК