Centar.mk
МОЗАИККУЈНА

Пилешко со компири какво што никогаш не сте јаделе: Овие се 2та тајни зачини

Предлог за вкусна вечера со комбинација од пилешко и компири. Зачините за преливот се посебна приказна и му даваат на јадењето неодолив вкус.

Рецепт за пилешко со компири

Состојки:

  • 3 парчиња пилешки гради
  • 1 кромид
  • 4 компири
  • сол, бибер, миризлива пиперка
  • маслиново масло
  • 200 мл павлака за готвење
  • 2 јајца
  • 120 грама кашкавал
  • 1 лажичка провансалски зачин, 1 лажичка кари
  • 1 домат

Подготовка:

Во тава истурете маслиново масло, потоа додадете сецкан кромид, а потоа компирите исечени на прстени. Додадете сол и бибер.

Исечкајте го пилешкото месо на коцки и додадете сол, бибер и малку миризлива пиперка. Мешајте го месото со раце, за добро да ги впие зачините, а потоа ставете го преку компирот.

Во посебен сад, ставете 2 јајца, павлака за готвење, малку сол, провансалски зачин и кари и изматете со вилушка, а потоа прелијте во јадењето.

Покријте се со алуминиумска фолија. Ставете да се пече во рерна 40 минути, на 200 степени.

Додадете ги ренданиот кашкавал и доматот исечкан на прстени, а потоа вратете ги во рерна уште 10 минути (180 степени).

Можеби ќе ве интересира

Дневен хороскоп за 11 април 2026

ДЕСК

Дневен хороскоп за 10 април 2026

ДЕСК

Доаѓаат пари за три хороскопски знаци во втората половина на април – Дали сте еден од нив?

ДЕСК