25. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ТЕМАБИЗНИСИЗБОР

Европа ја “тресе” енергетската криза: Топ трикови за намалување на сметките за електрична енергија

Цените на природниот гас во Европа растат и сега се седум пати повисоки од минатата година, а оваа криза може да предизвика зголемување на сметките за електрична енергија.

Едно од најочигледните работи што потрошувачите можат да ги направат е да користат помалку енергија и да знаат на што трошат најмногу енергија.
Во продолжение ви пренесуваме неколку начини како да заштедите на електрична енергија.

1. Болјер – заштедете 10 проценти
За еден час работа, болјер со моќност од 2 киловати троши 2 киловат-часа, а на месечно ниво, ако секојдневно работи по 2.5 часа, троши 150 киловат-часови. За да заштедите топла вода, подесете го термостатот на болјерот на температура помеѓу 50 и 60 степени Целзиусови. Наместо да се бањате во полна када, туширајте се, бидејќи на тој начин се намалува потрошувачката на вода и струја. Од време на време, исчистете го болјерот, бидејќи бигорот ја зголемува потрошувачката.

2. Машина за перење – заштедете 10 проценти
Машината за перење обично троши 1-2 киловат-часа, а обично работи 3 часа. Ако ја вклучувате секој втор ден, месечно ќе потрошите од 45 до 90 киловат-часови. За да заштедите струја во процесот на перење алишта, вклучувајте ја машината после полноќ, немојте да ја претрупувате кога перете бела облека и користете пократки програми.

3. Греење и ладење – заштедете 45 проценти
Греењето и ладењето најтешко му паѓаат на вашиот паричник, барем на полето на потрошувачка на електрична енергија. Еден од најефикасните начини да ја одржите саканата температура е добрата изолација. Дополнителната термоизолација ќе ја намали потрошувачката за 25 до 60 проценти. Исто така, ако се греете на струја, изберете грејно тело со термостат. Ако користите клима-уред за ладење, водете сметка разликата помеѓу внатрешната и надворешната температура да не биде поголема од 5 – 10 степени.

4. Фрижидер и шпорет – заштедете 6 проценти
Термостатот на фрижидерот наместете го на 3 или 5 степени. Избегнувајте да ставате топли тенџериња, а садовите ставајте ги со капак. Редовно чистете го и отстранувајте го вишокот лед. Една рингла на шпоретот троши 1.5 до 1.8 киловат-часови за 1 час работа, а греачот во рерната – од 2 до 4 киловат-часа. Садот во кој готвите би требало да биде иста големина како ринглата, а додека се подготвува храната настојувајте да ги поклопите садовите. Ако ја користите рерната, термостатот мора да биде на максимум, но избегнувајте често да ја отварате вратата, бидејќи при секое отварање ја смалувате температурата за околу 15 степени.

5. Машина за перење садови – заштедете 2 проценти
Освен значајната заштеда на време и вода, на долгорочен план, машината за садови штеди и струја. Перете ги садовите кога машината ќе се наполни, избегнувајте ги циклусите со висока температура (90 степени) и вклучувајте ја после полноќ.

6. Светло – заштедете 7 проценти
Потрошувачката на електрична енергија значително ќе ја намалите ако наместо сијалици користите неонско осветлување. Обичната сијалица од 100 вати, ако работи 10 часа дневно, троши 30 киловат-часови месечно. Штедливата – само 6 киловат-часови. Од друга страна, штедливите сијалици, за разлика од обичните, се штетни по здравјето, содржат жива и ако пукнат се опасни. Исто така, потребно им е многу подолго време и повеќе енергија за да постигнат полна јачина, а и самата светлина е со послаб интензитет.

фото Pixabay

7. Електрични апарати – заштедете 4 проценти
Вашиот телевизор, DVD плеер, компјутерот, но и сите останати електронски апарати допринесуваат во зголемената сметка за струја. Кога не го користите компјутерот и мониторот, ставете ги во Sleep мод, бидејќи во спротивно, годишно трошат и до 1.100 киловат-часови. Исто така, кога ја користите пеглата, испеглајте ја целата гардероба која е за пеглање, бидејќи при секое наредно пеглање дополнително трошите енергија за загревање на пеглата.