13. октомври 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ТЕМАМАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Заев од Куманово: Максо ќе биде максимално поразен, Куманово бил и ќе биде СДСМ

На овој плоштад ќе грми и ќе ечи кога ќе ја славиме победата во недела во бастионот на СДСМ, истакна претседателот на партијата Зоран Заев на партиската трибина во Куманово. Тој кажа дека Куманово е град на социјалдемократијата и повика да се поддржи кандидатот Оливер Илиевски.

-Куманово и кумановци и овојпат ќе бидат на страната кои го нудат најдоброто. Наредните четири години се многу важни за развојот на нашата земја. Оливере, учи се од грешките на претходникот. Колку и да е независен противкандидатот тој зависи од Куманово, а граѓаните овде биле и ќе бидат СДСМ. Тој треба да знае дека социјалдемократите овде имаат само еден кандидат, а тоа е Оливер Илиевски. Максо, добар е СДСМ кога Владата истураше стотици милиони за Куманово, кога ја раздолжуваше општината и кога ја внесуваше земјата во НАТО, добар е СДСМ кога ти даваше поддршка за советник, пратеник и градоначалник, а на првата кривина не чинел СДСМ. Во првиот момент на неизвесност Максо ја здипли опашката и фати спринтот, кажа Заев.

Тој порача „Максо ќе биде максимално поразен во Куманово“ и додаде дека единаесет години за време на режимот била заборавена општина и власта правела се за да ја опструира работата на општината, па токму затоа најмногу средства биле одделени токму за долгот на оваа општина.

Можеби ќе ве интересира

Филипче од Струмица: Сум ги гледал луѓето во очи кога им било најтешко, верувам дека на секој мора да му се помогне

ДЕСК

Филипче од Струмица: Македонија не може да ја води Мицкоски, човек без компас и без човечност!

ДЕСК

Павле Трајанов најави победа на советничката листа на Демократски сојуз во Конче

ДЕСК
error: Соддржината е заштитена.