12.8 C
Скопје
25. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

СДСМ Скопје: Модерната кандидатка на барокната партија и натаму ја крие менаџерската биографија

Реакција на СДСМ Скопје:

Данела Арсовска продолжува да ја крие својата „менаџерска“ биографија како змија нозете.

Поминаа три дена откако изби скандалот за нејзиното катастрофално менаџирање на салата Расадник, а таа упорно избегнува да одговори на новинарските прашања дали е точно дека менаџирала со спортската сала Расадник и не плаќала струја.

Данела Арсовска продолжува да манипулира дека одговорила на прашања кои не ги одговорила. Арсовска продолжува дрско и безобразно да се однесува кон новинари кои и поставуваат прашања за нејзината биографија како менаџерка, со која секојдневно се фалеше за време на кампањата.

Арсовска секојдневно ги манипулира граѓаните ветувајќи брзи и лесни решенија, ветува решавање на децениски проблеми ВЕДНАШ, ветува 250 екоавтобуси и бесплатен превоз кои неколку пати го надминуваат градскиот буџет, без да одговори од каде ќе обезбеди финансии.

Арсовска секојдневно неодговорно лаже и презентира веќе започнати и туѓи проекти како свои.
Скопје гласаше за промени во 2017 и скопјани со свои очи гледаат дека тие промени се случуваат. Скопјани гледаат дека веќе не се вложуваат стотици милиони евра во барокно Скопје, во стиропорни фасади, лажен барок, во споменици, партиски музеи и палми, шмизли, пиратски галии и градски плажи. Скопјани гледаат дека нивните пари не се трошат за каприците на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, туку се трошат за нивни насушни потреби – за модерно и европско Скопје – за модерни булевари, улици, мостови, клучки, кружни текови, паркови, зелени кровови и урбани скверови. Парите се трошат за еко-автобуси наместо дизел-загадувачи, за брз автобуски превоз, за нови комунални возила за почисто Скопје, за субвенции за инвертери и велосипеди, за нови вело патеки за Скопје Велоград, за други основни потреби на скопјани како нова противпожарна скала и опрема.

Скопје веќе не се развива со криминални урбанистички планови кон Водно кое го заштитивме од узурпација, туку рамномерно се развива на двете страни од Вардар.

Скопје е веќе обединет, поврзан град, град на сите скопјани. На главниот град не му треба лажна и катастрофална менаџерка, финансирана од партијата која го уништи модерно Скопје, претворајќи го во барокно Скопје и европски главен град на кичот.

Спонзорирано:

Можеби ќе ве интересира

Пристигна првата реакција на Москва за влезот на Шведска и Финска во НАТО

M T

СДСМ: На повидиок нов скандал, Арсовска и ВМРО-ДПМНЕ да објаснат која е нејзината улога во палењето возила?

M T

СДСМ: Арсовска не може принтери да обезбеди а не па проекти, толку од кадрите на Мицкоски

M T

СДСМ: Поради неспособноста на Арсовска Град Скопје остана без печатачи

M T

СДСМ: Нема бесплатен превоз а во Шуто Оризари и воопшто нема превоз, Арсовска ги заборави граѓаните

M T

Реакција од Балтикот на руската закана од нуклеарно оружје: Тоа е глупост

M T