Centar.mk
МОЗАИКвест

Необичен јапонски изум – градник за лов на маж

Јапонската компанија за долна облека Triumph International дизајнираше градник за лов на сопруг.

Образложението за овој необичен изум е дека „Триумф“ се обидува да ја подигне свеста за неуспешната стапка на бракови во Јапонија, бидејќи податоците од јапонската влада покажуваат дека 57% од Јапонките под 34-годишна возраст остануваат немажени.

Градникот има и тајмер кој го одбројува времето до брак. Кога жената што го носи го наоѓа потенцијалниот сопруг, следи одбројувањето.

Непривлечното парче облека е прикажано на фотографии како модел долна облека. Оваа бизарна долна облека има тајмер кој всушност претставува „биолошки часовник“ за носителката. Одбројува до крајниот рок определен за брак.

Откако жената ќе го пронајде вистинскиот и ќе добие веренички прстен, го вметнува во специјален розов пластичен отвор, отчукувањата престануваат и почнува да свири свадбен марш.

Колку и да звучи забавно, повеќето луѓе апсолутно не се согласуваат со целиот концепт.

Можеби ќе ве интересира

Февруари носи пресврт за Вагите по две години искушенија и несреќи: Судбината конечно им враќа со добро

ДЕСК

Доаѓаат пари за четири хороскопски знаци во втората половина од јануари – работите конечно тргнуваат на подобро

ДЕСК

Дневен хороскоп за 13-ти јануари – Судбоносен ден за три хороскопски знаци: Проверете дали сте меѓу нив

ДЕСК