7. октомври 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАИЗБОР

Најдоброто за Карпош преку финансиска поддршка за наставниците, учество во обуки и семинари

Промоција на програмата Најдоброто за Карпош на Душко Весковски:

Наставниците се клучна алка во воспитувањето и образувањето на младите генерации, кои се потенцијалните креатори и идни двигатели на општеството. Нивната мотивација и подготовка за изведување на работниот процес е клучна во спроведувањето на образовниот процес.

Нашата цел е да креираме соодветни платформи за редовна комуникација на наставниците во нашите основни училишта, која може да резултира со идентификација и последователна реализација на проекти за поддршка на нивната работа и за зголемување на квалитетот на работниот процес.

Во рамките на можностите, ние ќе обезбедуваме постојана финансиска поддршка на наставниците, за обезбедување нагледни материјали и дигитални алатки, за учество на обуки и семинари, за подготвување и поднесување апликации за грантови за реализација на проекти за унапредување на образовниот процес.

Клучниот проект за поддршка на оваа целна група е Подигање на материјално-техничката опременост на училиштата, особено во правец на дигитализацијата на образованието.

Културните работници се нашиот прозорец кон културата, магијата на уметностите, пренесувањето на трајните вредности. Нашата поддршката на оваа фела, е приоритет, а главниот инструмент односно платформа за тоа, ќе биде Општинскиот центар на културата, со библиотека и циталница.

Клучен проект за оваа целна група е реконструкција и надградба на Амфитеатарот на кејот на Вардар, кој треба да прерасне во општински културно-забавен центар на отворено.

Можеби ќе ве интересира

Министерот Спасовски на промоција на интервентни возила со донација од Чешката Република

M T

Меморандум за промоција и инвестициска соработка на претпријатијата од Северна Македонија и Бугарија

M T

Шилегов: Во средното медицинско училиште наставна програма со ново занимање – „Фармацевтски техничар во фармацевтска индустрија“

M T

Вицепремиерот Битиќи, министерот Милевски и амбасадорката Зутер Техада на промоција на електронскиот систем за рамномерен регионален развој sirera.mk – Креирана е современа и дигитална алатка за ефикасно следење и спроведување на политиките за рамномерен регионален развој

M T

Целосна реконструкција на градинката „Мајски цвет“ во Карпош

CENTAR MKD