13. октомври 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИвест

Илиевски од Куманово: Во недела ќе останеме непокорни и ќе му кажеме „не“ на режимот и поткупот

Куманово е град кој е секогаш на браникот на интересите на граѓаните, град со добри луѓе кои го даваат најдоброто од себе и затоа го заслужуваат најдоброто, истакна кандидатот за градоначалник на СДСМ, Оливер Илиевски на граѓанската трибина. Тој кажа дека и во историјата кумановци покажале дека се вистински борци за права и слободи и се непокорни пред режимот.

-Иако режимот не газеше ние успеавме Куманово повторно да го застанеме на нозе. Успехот од централно ниво ќе го преточиме на локално ниво и ќе спроведуваме значајни политики, затоа што Куманово е Македонија во мало и тој мултиетнички соживот е само предуслов за просперитет, кажа Илиевски.

Тој додаде дека треба да му се каже „не“ на режимот и поткупот.

-Одлучуваме во недела дали и натаму ќе бидеме жртви на изговори или ќе дадеме шанса да ја реализираме најдобрата понуда за Куманово. Овој 17 октомври има посебно значење за Куманово и се обидуваат да ни го земат она што го штитиме 30 години. Кумановци 30 години ја даваат довербата на СДСМ и затоа на 17 Октомври ве повикувам да ја продолжиме традицијата и да ја кроиме идината, порача Илиевски.

Можеби ќе ве интересира

Филипче од Струмица: Сум ги гледал луѓето во очи кога им било најтешко, верувам дека на секој мора да му се помогне

ДЕСК

Филипче од Струмица: Македонија не може да ја води Мицкоски, човек без компас и без човечност!

ДЕСК

Павле Трајанов најави победа на советничката листа на Демократски сојуз во Конче

ДЕСК
error: Соддржината е заштитена.