“Во недела одлучуваме во каков Центар сакаме да живееме. Јас сакам Центар да го видам како европска општина со среќни и насмеани граѓани, со поголеми зелени површини, чист со слободни тротоари и хумано градење“, им порача на граѓаните Горан Герасимовски, кандидатот за градоначалник на Центар од СДСМ и Коалицијата во денешната изјава со која се завршува кампањата за локалните избори во 2021 година.
Герасимовски рече дека програмата и проектите кои ги презентираше пред граѓаните во изминатиот период се реални и се произлезени од самите граѓани од нивните барањата и предлози.
„Јас и мојот тим долго работиме на вашите потреби и лоцирање на недостатоците во општината, сите ги забележавме и ја креиравме програмата. Јас сум сигурен дека мојата програма е Најдоброто за општина Центар. А тоа е така затоа што за проектите нудам конкретни и прецизни решенија, испланирани во рамки на буџетот со временски рок на реализација. Впрочем локалните избори не се само палета на проекти туку и нивна исполнителност. Јас за моите проекти го гарантирам токму тоа“, изјави Герасимовски.
Герасимовски ги повика граѓаните да ги разгледаат програмите и да одлучат за гласот во недела бидејќи дел од кандидатите ветуваат проекти кои веќе ги презентираше централната власт на СДСМ. Дел од проектите кои се ветуваат пред граѓаните според Герасимовски нема точна локација, временска рамка ниту испланирани буџетски средства. Герасимовски потенцираше дека програмата, најдоброто за Центар е реална и тоа е разликата помеѓу неговата и на останатите кандидати. Притоа тој најави и вклученост на граѓаните при следните градби во општината преку јавна анкета или референдум.
„ Ве повикувам да размислите во каков Центар сакате да ни поминува секојдневието. Јас ве повикувам сите масовно да се вклучите во изборниот процес, да одберете иднина за поубав Центар, ве повикувам да го заокружите бројот 12 и да прославиме уште една голема победа за Центар“, заврши Герасимовски.