27. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
.МАКЕДОНИЈА

Георгиевски: Граѓаните од мене знаат дека може да очекуваат макотрпна работа, отворени врати и нови 400 проекти за Гази Баба

„4 години соработуваме со граѓаните и деноноќно работиме на решавање на децениските проблеми во Гази Баба кои ги оставија моите претходници од ВМРО ДПМНЕ цели 22 години. Цел мандат биеме битки со мнозинството во Советот кое од за мене неразбирливи причини ги кочи сите проекти за граѓаните. 4 години мандат на ВМРО во кој работеа против изградба на училишта, градинки, водоводи, канализација, паркови, улици, осветлувања… Не разбирам и никогаш нема да го прифатам пристапот на опозицијата да работи против сопствените граѓани и против иднината на Гази Баба“, изјави кандидатот на СДСМ и коалицијата за градоначалник на Гази Баба, Борис Георгиевски.

Според Георгиевски, тој целиот мандат е задно со граѓаните и тие никогаш не го слушнале да се жали. Напротив, вели тој, се обидувам да најдам решение на сите проблеми кои тие не ни помислиле да ги решат цели 22 години.

„За само 4 години изградивме 48 километри патишта, булевари, улици, 23 километри водоводна и канализациска мрежа, 10.600 метри квадратни пешачки патеки и 3100 метри велосипедски патеки. Понатаму, засадивме нови 2000 дрвја и 9000 метри квадратни јавно зеленило, а заедно со бизнис секторот отворивме нови 4000 работни места во преку 15 нови инвестиции“, вели Георгиевски во видео обраќањето.

Со мене знаете на што сте, потенцира тој, граѓаните на Гази Баба знаат дека може да очекуваат макотрпна работа, отворени врати за секого и борба заедно да успееме и да ја направиме општината вистинска гордост за секој од нас и цела Македонија.

„Резултатите постигнати во овие четири годни се мојата гаранција пред вас, дека сите проекти кои ги нудиме сега нема да останат само ветување. Бидејќи Гази Баба нема ни минута повеќе да стои во место. Ви благодарам на целата поддршка и се гледаме на 17 Октомври кога ќе ја прославиме новата победа. Но, и уште поважно, да продолжиме со реализација на нови над 400 проекти за секое населено место во нашата општина“, заклучува Георгиевски во финалното видео обраќање пред молкот и првиот круг од Локалните избори.