Centar.mk
МАКЕДОНИЈАТЕМА

Мицкоски: Заврши времето на наши и ваши сега е времето за новата иднина

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски од вечерашниот централен митинг во Штип, истакна дека заврши времето на поделби, заврши времето на наши и ваши и дека сега доаѓа времето на новата заедничка иднина, време на единство, време на подобра иднина за сите граѓани на Македонија.

„ Доаѓа новата зора на пристојноста, на отвореноста, на коректноста и – најважно од сé – на чесноста. Доаѓаат промени и време на отворени врати на општините за сите и за сé. Доаѓаат промени и време на единството, на солидарноста и на фер однос“, рече Мицкоски.

Мицкоски потенцираше дека сте сме граѓани на оваа земја и општините предводени од опозицијата подеднакво, секојдневно и посветено ќе им служат на сите граѓани без разлика на нивната политичка припадност.

„ Доаѓа време за залечување на раните, време на иднината. Доаѓа време кога треба да повлечеме линија и да кажеме дека отвораме нова страница. Ќе им служиме на сите подеднакво без поделби. Ќе им служиме на сите: од првиот до последниот, нагласи Мицкоски.

Мицкоски потенцираше дека завршува времето на поделби, на привилегираните е и надмоќните, на партиските поделби и сеењето зло!

„ Заврши времето на ваши и наши, сега е време за новата иднина, истакна Мицкоски.

Можеби ќе ве интересира

СДСМ: Мицкоски им порача на граѓаните дека ќе ја платат цената додека цело ВМРО си обезбеди пасоши од ЕУ преку Бугарија

ДЕСК

Родителите работат, децата ги расте телефонот: Дали го губиме семејството?

ДЕСК

НЕВРЕМЕ И ТЕМНИ ОБЛАЦИ НАД МАКЕДОНИЈА ВО НАЈАВА: Детална четиридневна прогноза

ДЕСК