Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Приведен криумчар на мигранти кај село Богородица

На 13.10.2021 околу 20.00 часот на влезот за с.Богородица, гевгелиско, полициски службеници од Полициската станица за граничен премин „Богородица“ го лишиле од слобода З.Љ.(42) од Скопје. При контрола во возилото „пежо“, со скопски регистарски ознаки, кое го управувал, биле пронајдени три лица мигранти од Куба – Л.М.Л.(39), Р.Р.Д.(31) и еден малолетник.

За настанот бил запознаен Јавен обвинител, а мигрантите биле спроведени во Прифатно- транзитниот центар „Винојуг“ во Гевгелија. З.Љ. бил приведен и предаден во Полициска станица Гевгелија и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Можеби ќе ве интересира

Манасиевски: Фактите докажуваат дека немало забрана за Алта банка за работење во ЕУ, а Рајфајзен имала договор со групацијата на Мацура, СДС повторно фатени во лага

ДЕСК

ПОЛИТИЧКА ПРЕПИСКА ЗА „АЛТА БАНКА“ – ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ со спротивставени тврдења

ДЕСК

Засилени акции против дрвокрадството: За еден месец запленети 734 кубни метри дрва и поднесени 147 пријави

ДЕСК