Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
Македонија Во тренд...

Арсовска го игнорира постоењето на ЛАЈКА, додека кучиња сами се враќаат повторно во прифатилиштето (ВИДЕО)

Стационарот за бездомни кучиња – Лајка, објави видео клип на кој се гледа како куче се обидува да ја прескокни надворешната ограда и да се врати во стационарот. Данела Арсовска, пак, кандидатката за градоначалник на Скопје поддржана од ВМО-ДПМНЕ, го игнорира постоењето на стационарот Лајка, пишува Frontline.mk.

„Лајка“ е првата алка во синџирот за хумано решавање на проблемот со кучињата скитници, како и намалување на нивниот број на скопските улици.

Со отворањето на стационарот, Скопје е еден од ретките градови во регионот кој има сопствено јавно претпријатие кое не е веќе дел од „Комунална хигиена“, во кое работат обучени луѓе.

– „Лајка“ не е само објект, тоа е еден сосема поинаков концепт во третманот на бездомните животни, истакна градоначалникот Шилогов на отворањето.

Каде и зошто ова куче се обидува само повторно да се врати, кога Арсовска го игнорира постоењето на ЛАЈКА?
„Ново куче што ни се враќа само повторно во прифатилиштето откако е вратено на локација каде што е најдено согласно закон. Очајнички обид да ја прескокне оградата и да се врати таму каде што се чувствува безбеден, сигурен и сакан. Досега над 40 кучиња ни се имаат вратено сами што е доказ дека третманот кој го добиваат од Лајка е повеќе од хуман. Овие искуства иницираат одредени законски измени, нешто на што во блиска иднина ќе се посветиме“, велат од Лајка.

Кандидатката за градоначалник на Скопје, поддржана од ВМРО-ДПМНЕ, Данела Арсовска во објава на Фејсбук, говори за потребата од стационар, а не ја спомнува Лајка.

„На Скопје му е потребен стационар за трајна грижа до вдомување на бездомните кучиња, со што трајно ќе се реши проблемот. Потребни се системски решенија за обезбедување 24 часовна ветеринарна служба во рамки на стационарот, со неопходна грижа и стерилизација со крајна цел намалување на бројот на бездомни кучиња.“, напиша Арсовска.

Целата анализа на Frontline.mk.