6.8 C
Скопје
26. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ТЕМАМАКЕДОНИЈАИЗБОР

За физички напад кандидатот на ВМРО ДПМНЕ за градоначалник на Бутел, Дарко Костовски завршил со казна

Дарко Костовски, кандидатот за градоначалник на општина Бутел од редовите на ВМРО-ДПМНЕ добил пресуда да плати казна од 400 евра за нарушување на јавниот ред и мир, пренесува Слободен печат.

Тој во 2016-тата година во спортска сала во одморалиштето „Радости“ во Охрид физички нападнал прилепчанец, кој пак се здобил со телесни повреди од ударите и шлаканиците.

Тепачката започнала бидејќи Костовски се обратил со зборовите „Ајде да се тепаш со мене“, по што физички го нападнал прилепчанецот и го отстранил од салата. Сепак, кандидатот за градоначалник, а тогашен советник во Министерството за труд и социјална политика, одговарал единствено за нарушување на јавниот ред и мир по Законот за прекршоци.

Дарко Костовски од ВМРО-ДПМНЕ е уште еден од низата кандидати за градоначалници на партијата со сомнително минато.

 

Спонзорирано: