Centar.mk
МАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИвест

Узуновски: Горан Герасимовски ќе се посвети на тоа што беше занемарено во Центар

Огнен Узуновски, угостител и сопственик на „Излет“ кафе го поддржа Горан Герасимовски кандидатот за градоначалник на општина Центар од СДСМ и Коалицијата во краткото видео споделено на социјалните мрежи.

„ Конечно, центарско дете ќе стапи во конкуренција за градоначалник и верувам дека Горан ќе има голема шанса да го поправи тоа кон Центар што било занемарено во минатото. Верувам дека Горан ќе биде многу поконтактибилен во релацијата со центарци и со граѓаните на Центар и дека ќе стои зад нивните барања. Верувам дека е момче кое е засегнато за Центар да биде подобар“ вели Узуновски.

Тој Горан Герасимовски го опишува како пристојно момче и фамилијарен дечко, а познавајќи го верува дека Горан ќе направи многу за она што и недостасува на општина Центар.

Можеби ќе ве интересира

Мицкоски: Железничките проекти на Коридорите 8, развој на брзата пруга на Коридорот 10 напредуваат

ДЕСК

По страшната трагедија за новогодишната ноќ, се огласи Министерството за здравство со детали за случајот со починатото бебе

ДЕСК

Повреден војник во затворот Идризово

ДЕСК