14.8 C
Скопје
18. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
+МАКЕДОНИЈА

Шилегов: Аерозагадувањето константно се намалува, минатата сезона немаше ниту еден ден кога беа воведни вонредните мерки

„Аерозагадувањето во Скопје, согласно анализите извршени од надлежните институции се намалува од 2017 година. Граѓаните тоа може да го потврдат, бидејќи минатата сезона немаше ниту еден загаден ден кога требаше да бидат воведени вонредните мерки од страна на Град Скопје“ кажа актуелниот и кандидат за градоначалник на Град Скопје од СДСМ и коалицијата, Петре Шилегов, на дебатата на ТВ Телма.

Тој додаде дека борбата со загаденоста е комплексна и долга и дека не постои брзо решенија, туку решенијата треба системски да се прават, како што тоа сега го прави Град Скопје.

„Решавање на урбаниот транспорт, изградба на 110 километри велосипедски патеки, 15 илјади продадени велосипеди, илјада продадени тротинети, пет илјади клими, осум илјади исчистени оџаци. Тоа се мерките што мораше да се спроведат за да имаме подобрување“ кажа Шилегов.

Градоначалникот на Град Скопје додаде дека загадувањето се решава со три компоненти – стратешко решавање на затоплувањето на домовите, урбан транспорт и силен инспекциски надзор.

Спонзорирано: