Centar.mk
вестИЗБОРМАКЕДОНИЈА

Шилегов кон Арсовска: Како не ви кажаа дека 16 од 20 проекти во вашата програма се веќе спроведени?

„Во вашата програма ветувате 20 проекти. Кога ја правевте програмата како не ви кажаа дека 16 од тие 20 проекти градот веќе ги прави или се направени?“ ја праша актулениот и кандидат за градоначалник на Град Скопје од СДСМ и коалицијата, Петре Шилегов, кандидатката поддржна од ВМРО-ДПМНЕ Данела Арсовска на дебатата на ТВ Телма.

„Булеварот Борис Трајковски, мостот АВНОЈ, булевар Словенија, булевар Хрватска се направени или при крај“ кажа Шилегов.

Тој ја запраша како може во кампањата да ветува проекти и работи кои актуелниот градоначалник веќе ги има направено.

„Жално е Арсовска што вашата политичка партија 27 години го водеше градот, а последиците на брзоплетото и водењето на градот без план и стратегија доведоа до ова“ рече Шилегов обраќајќи се на Арсовска.

Можеби ќе ве интересира

ВОЗНЕМИРУВАЛ МАЛОЛЕТНИК ВО СКОПСКИ АЕРОДРОМ, СПОРЕД ПРИЈАВАТА – Полицијата приведе 45-годишен маж

ДЕСК

12-ГОДИШНО ДЕВОЈЧЕ ПРИЈАВЕНО ЗА ИСЧЕЗНАТО, ПА СЕ ВРАТИЛО ДОМА – Мајката тврди дека малолетник против нејзина волја ја заклучил во автомобил

ДЕСК

ЈА НАПАДНАЛ СОПРУГАТА И Ѝ НАНЕЛ ПОВРЕДИ, СПОРЕД ПОЛИЦИЈАТА – Кривична пријава против 42-годишник од Гостивар

ДЕСК