23.8 C
Скопје
5. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Она што е „нова иднина“ за Мицковски, за Заев е далечно минато

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицковски во предизборието најавува наводно „иновативно“ решение за гасификација на градовите со т.н. маалски резервоари, кои како што вели тој, по примерот на Арапските Емирати, ќе ги полни градско претпријатие!

Мицковски намерно не споменува дека системот кој го заговара, во Струмица го воведе тогаш најуспешниот градоначалник Зоран Заев уште од 2012 та година кога со Македонија „дрмаше“ Никола Груевски.

Оттаму Мицковски не е лошо да појде до Струмица да се запознае како функционира овој „иновативен“ систем во пракса, или ако го мрзи да оди дотаму, може да се обрати до сегашниот премиер Зоран Заев, за да му го објасни. На тој начин, одамна успешниот модел на гасификација на Заев може да му стане „нова иднина“ на Мицковски.

Инаку во Струмица на гасоводната мрежа се приклучени повеќе од 400 физички и правни лица. Меѓу корисниците се и локалните јавни институции.
Струмица е гасифицирана веќе десетина години. Гасот се носи во компресирана форма кој потоа се декомпресира и се пушта низ мрежата која е компатабилна за приклучување на националниот гасовод.

ЈП „Струмица гас“ уште лани ги почна работите за поставување на гасоводна линија до сите урбани заедници во градот откако општината со одлука на Советот обезбеди околу 420 илјади евра од Светска банка за целосно опфаќање на Струмица со гасоводна мрежа.

Спонзорирано: