Centar.mk
МАКЕДОНИЈАвест

Филипче: Работиме за Европа дома, кај нас, во Северна Македонија

Вечерва од Битола, потпретседателот на СДСМ, Венко Филипче ја изрази поддршката за кандидатот за градоначалник Христо Кондовски и советничката листа предложена од СДСМ.

„Христо е човекот кој наредните четири години ќе работи за доброто на секој битолчанец, за секој човек, овде во општината. Во Битола ќе продолжи да се гради, ќе продолжи напредокот, прогресот, и просперитетот. Како докажан бизнисмен, знам дека Христо ќе го преслика тоа работење и во водењето на општината.

Еланот, визијата и трудољубивоста се комбинацијата која ќе биде добитна за Битола“, рече Филипче.

Соработката на Владата и општините се одвива беспрекорно и тоа ќе продолжи и понатаму, продолжи Филипче и ја истакна круцијалноста на таа врска на централната со локалната власт во создавањето на стабилен економски систем.

„Со овие политики ѝ покажавме на Европа, а и на светот дека нема да се откажеме од намерата да ја креираме најдобрата верзија од земјава, да им покажеме дека сме земја – со сериозна понуда и квалитет. Зашто ние навистина тоа и сме. Работиме за младите да ја градат својата иднина во своите општини. Работиме за Европа дома, кај нас, во Северна Македонија.

Умееме и можеме да ѝ покажеме на Европа дека сме достојни да се приклучиме во Унијата, рамо до рамо со најразвиените земји“, заврши Филипче.

На трибината, тој ги повика присутните на 17 октомври, масовно да ја дадат својата поддршка за бројот 12 и да прослават победа во прв круг.

Можеби ќе ве интересира

Жерновски: Власта продава лажен патриотизам, со една рака мавта со знамето дека се Македонци, со другата краде колку што може да се украде

C +

Мицкоски: Повеќе од една милијарда е инвестирано во автопатот Кичево-Охрид, очекувам да биде завршен најдоцна до првиот квартал 2027 година

C +

Од 13 анализирани пациенти, кај деветмина се утврдени сомнителни наоди во скандалот со непотребни операции

C +