7.8 C
Скопје
20. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МЕТЕОCENTARТЕМАМАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Драстична промена на времето: Попладнево врнежливо, а од утре студ, дожд, некаде и снег

Времето денес ќе биде променливо облачно, попладне во западните делови со повремен дожд. Ќе дува слаб до умерен северен ветер. Кон крајот на денот од запад ќе се прошири нова облачност од која преку ноќта ќе започнат поинтензивни врнежи од дожд.

Во текот на ноќта од запад со зголемената облачност ќе се прошират врнежи кои до изутрина ќе го зафатат поголемиот дел од земјата, а на југот ќе бидат пообилни. Пообилни врнежи ќе има и во четврток преку денот, кога поради спуштање на студена воздушна маса, на планините особено во западните делови ќе врне снег, а понекаде и на повисоките места дождот ќе преминува во снег.

Прогноза за 15.10.2021
Минимална температура: 2°C до 8°C
Максимална температура: 6°C до 12°C
Облачно и студено со врнежи од дожд, на места пообилни, особено во југоисточните делови. Ќе дува слаб до умерен северен ветер.

Прогноза за 16.10.2021
Минимална температура: 2°C до 8°C
Максимална температура: 6°C до 12°C
Променливо облачно со услови за појава на краткотраен дожд на истокот. Ќе дува слаб до умерен северозападен ветер кој вдолж пошироко Повардарие ќе засилува.

Прогноза за 17.10.2021
Минимална температура: 3°C до 10°C
Максимална температура: 10°C до 17°C
Променливо облачно. Ќе дува слаб до умерен северен ветер.

Спонзорирано: