„Симболот на корупцијата и криминалот е во ВМРО-ДПМНЕ. Тоа се докажува секој ден со правосилни пресуди. За разлика од нив, оваа Влада ги адресира сите прашања и покажа дека законот важи за сите“ кажа премиерот Зоран Заев во неговото интервју на Алсат ТВ.
Тој додаде дека освен што Владата отвори кампања за борба против криминалот и корупцијата, поведени се и предмети за високи функционери.
„Не само што е поднесено обвинение за Рашковски, тој е и шест месеци во притвор. Разликата е огромна меѓу нас и ВМРО-ДПМНЕ. Во нивно време тие крадеа, тие правеа криминал, а други обвинуваа и други одговараа. Сега секој што се огрешил е еднаков пред законот и носи одговорност“ кажа Заев.
Тој додаде дека судот ќе покаже со правосилна судска пресуди дали Драги Рашковски е виновен за тоа што е обвинет, бидејќи законот важи за сите и сите се рамноправни пред судот.