Centar.mk
вестМАКЕДОНИЈА

СДСМ Скопје: ВМРО ДПМНЕ го узурпираше, уништуваше и деградираше Водно

На вечерашниов митинг на ВМРО-ДПМНЕ, одржан среде барокното „Скопје 2014“, кандидатката за градоначалник на Скопје Данела Арсовска изјави „ќе иницираме и заштита на Водно со закон, Водно слободно од автомобили“.

Јавно ја прашуваме Данела Арсовска: Од кого ќе го заштитува Водно, дали од нејзината партија ВМРО-ДПМНЕ која го уништи со изградбата на „Сончев град“, со патот до „Сончев град“ од речиси 10 милиони евра, со панорамската кула на врвот од десетици милиони евра, со „Беверли Хилс“ на Водно? Дали ќе го штити од криминалната урбанизација од страна на нејзиниот ментор Груевски, кој си купуваше шумски парцели и криминално менуваше урбанистички планови за изградба на барокни хациенди? Или можеби ќе го штити Водно од Коце Трајановски кој фрли во ветар стотици илјади градски пари за неговиот налудничав проект за изградба на ски-патеки со кој требаше да се исече огромен дел од парк-шумата на Водно?

За разлика од ВМРО-ДПМНЕ, кое го узурпираше, уништуваше и деградираше Водно, ние ги елиминиравме метежот со бесплатен јавен превоз и бесплатен паркинг во катните гаражи за тие што ќе го користат, со физичко оградување на просторот и со паркинг со којшто ги финансираме новите рекреативни патеки на Водно. Ние го заштитивме Водно, не само од „Јужната Обиколница“, туку и од криминалната урбанизација и бетонизација од страна на урбаната мафија на ВМРО-ДПМНЕ.

Скопјани многу добро знаат кој го уништуваше Водно, а кој го штити од криминалната урбанизација и бетонизација, и токму затоа ВМРО-ДПМНЕ и Арсовска ќе бидат казнети на локалните избори на 17 октомври.

Можеби ќе ве интересира

ГОРЕШЕ СТАН ВО ОХРИД, ОСУМ ЛИЦА ИТНО ПРЕНСЕНИ ВО БОЛНИЦА, УАПСЕН МАЖ КОЈ СЕ СОМНИЧИ ДЕКА ГО ЗАПАЛИЛ – Ова се првите детали од моменталните настани во Охрид

ДЕСК

ИЛИ 180 ДЕНАРИ ЗА ОБРОК ИЛИ ПРОТЕСТИ – Студентите со конкретни барања до МОН

ДЕСК

Цветков до Дурмиши: Како граѓаните да го преживеат месецот со две минимални плати ?

ДЕСК