Centar.mk
ТЕМАМАКЕДОНИЈАИЗБОРвест

Заев за Алсат: Очекувам парламентарното мнозинство да порасне во следните месеци

„Не мислам дека ќе има ново мнозинство без СДСМ, како и да ги вртите бројките. Мицкоски тоа го зборува пред сите избори, а ние имавме и гласање за доверба на влада со што потврдивме дека е стабилно мнозинството и тоа може да расте. Има пратеници со кои се разговара, ние тоа го правиме на природен начин преку делење на иста филозофија, проекти, делување и верба во иднината на државата. Очекувам парламентарното мнозинство да порасне“ рече премиерот Зоран Заев во неговото интервју на Алсат ТВ.

Тој додаде дека исто така очекува и чиста победа на престојните локални избори со освоени поголем број на градоначалници, вклучително и Град Скопје, поголем број на советници, како и поголем број на вкупни гласови.

„За да биде јасно дека ќе победиме, во Источна Македонија, во изборната единица 3 ќе победиме 90 наспрема 10 отсто. Остануваат борбите во помалите рурални средини, но и таму верувам дека можеме да победиме. Ова не е нешто што верува Заев, Мицкоски или другите политичари, туку граѓаните веруваат во тоа“ кажа Заев.

Можеби ќе ве интересира

Времето се влошува: Од вторник обилни врнежи и засилен ветер – Синоптичарите ја објавија најновата повеќедневна прогноза

ДЕСК

Верувал дека ќе си врати 40.000 евра, но останал и без уште 3.500!

ДЕСК

Среде бел ден девојка ограбена во Скопје – арамијата употребил физичка сила на автобуска постојка

ДЕСК