Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

(ВИДЕО) Граѓанска трибина – Најдоброто за Карпош

Соопштение на Изборен штаб на СДСМ Карпош:

Вчера вечер во салата „Борис Трајковски“ се одржа граѓанската трибина – Најдоброто за Карпош, во прекрасна атмосфера исполнета со позитивна енергија како што му доликува на Карпош.

На граѓанската трибина свое обраќање имаа Душко Весковски, кандидат за градоначалник на Општина Карпош, Петре Шилегов, кандидат за градоначалник на Град Скопје и Зоран Заев, претседател на СДСМ, во кое беа истакнати проектите предвидени во програмите за Карпош и Скопје.

Кандидатот за градоначалник на Општина Карпош, Душко Весковски го изрази своето задоволство и честа да биде кандидат за градоначалник на својата матична општина, но и благодарност за поддршката која ја добива не само од раководството на СДСМ и членовите на партијата, туку и од сите граѓани на општина Карпош.

„Пред нас, претстои многу работа, треба да вложиме заеднички труд за да го направиме најдоброто за Карпош. Карпош да биде општина за пример, уште подобро место за живеење, за нас, за нашите деца и идните генерации и сите да се гордееме што сме карпошани. Во тоа ќе успееме со реализација на програмата која заеднички ја креиравме. Драги мои карпошанки и карпошани, драги мои соседи, другари, пријатели, за да го реализираме сето ова, Ве повикувам сите заедно и обединети, масовно да излеземе на 17ти Октомври и да го заокружиме редниот број 12, да го избереме Најдоброто за Капрош и Скопје. На 17 октомври, СДСМ победува во Карпош, СДСМ победува во Скопје“ – посочи Душко Весковски, во своето обраќање.

Можеби ќе ве интересира

За осум часа денеска санкционирани 116 мотоциклисти во Скопје, одземени три мотоцикли

ДЕСК

Четврток носи најголема опасност: Невреме со пороен дожд, силен ветер и можен град

ДЕСК

Од Стајковци до болница: Напад со тврд предмет прераснал во пресметка меѓу две групи

ДЕСК