22. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

СДСМ: Арсовска како Груевски ветуваше милијарди инвестиции, а успеа да го донесе само туристот Субрата Рој

Реакција на СДСМ Скопје:

Со своите нереални ветувања, Данела Арсовска почнува да наликува на Никола Груевски кога предизборно ветуваше 8 милијарди евра инвестиции, а успеа да го донесе само туристот Субрата Рој.
Ветувањата на Арсовска за бесплатен јавен превоз со 250 еко-автобуси, мега-парковите, а сега и иновативен парк, наликуваат на ветувањата на Субрата Рој дека ќе донесе 20.000 крави во Џумајлија, дека ќе направи „Лас Вегас“ во Љубаништа и дека ќе донира милионски споменик на „Мајка Тереза“ во Скопје.

Од сето тоа не видовме ништо, освен еден кич „мировен фестивал“ на кој Никола Груевски и Субрата Рој го промовираа барокното „Скопје 2014“. Скопјани многу добро ги знаат иновации на ВМРО-ДПМНЕ: пиратските галии, жалните врби и прскалките во Вардар, палмите, градските плажи на Коце и стотиците милиони евра инвестирани во бетонски парк од споменици, кој Арсовска вети дека редовно ќе го одржувала.

Наместо да ја замајува јавноста со нови имагинарни паркови, Арсовска и должи одговор на јавноста колку чини еден кинески електричен автобус како тој што го објави на нејзината страница. Дали Арсовска упорно избегнува да одговори затоа што електричниот автобус од 18 метри чини околу 800 илјади евра, а 250 такви автобуси околу 200 милиони евра? Зошто Арсовска продолжува да ја манипулира јавноста дека толку пари за прескапи кинески автобуси може да се обезбедат ВЕДНАШ од европски фондови?

Наместо да даде одговори на новинарски прашања за тоа колку ќе ги чинат скопјани нејзините „проекти“, Арсовска со манирите на Мартин Протуѓер и Илија Димовски секојдневно им држи лекции на новинари што да прашуваат и кои теми да ги работат.

Скопјани веќе не наседнуваат на нереални ветувања, утописки проекти и не сакаат враќање во мрачното тоталитарно минато кога политичарите од ВМРО-ДПМНЕ не одговараа пред јавноста и бегаа од дебати.

Арсовска ќе биде казнета на 17 октомври од скопјани поради потценување на нивната интелигенција, бегањето од дебати и избегнувањето да даде одговор за лесните ветувања, такви какви што ги даваше Субрата Рој.

Можеби ќе ве интересира

СДСМ: Македонската економија привлекува мултимилионски инвестиции

M T

АЛКАЛОИД со раст на консолидираните продажби од 14 %, раст на консолидираниот извоз од 20 %, со 127 нови вработувања во земјава и инвестиции од 8 милиони евра во периодот јануари – јуни 2022 г.

M T

СДСМ: На повидиок нов скандал, Арсовска и ВМРО-ДПМНЕ да објаснат која е нејзината улога во палењето возила?

M T

Ковачевски – Бјерде: Се фокусираме на инвестиции во земјоделство и енергетика за забрзан економски раст

M T

СДСМ: Арсовска не може принтери да обезбеди а не па проекти, толку од кадрите на Мицкоски

M T

СДСМ: Поради неспособноста на Арсовска Град Скопје остана без печатачи

M T