Centar.mk
МЕТЕОТЕМАМАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Дожд, грмежи, ветер – од четврток заладување и снег на планините, детална прогноза за времето

Денес и понатаму ќе има врнежи од дожд, кои попладне поинтензивни ќе бидат на запад, а во вечерните часови ќе се интензивираат на исток (локално ќе наврнат над 20 л/м2 дожд за 24 часа). На места ќе има услови за нестабилност со краткотраен пороен дожд и ретки грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец.

Пообилни врнежи од дожд повторно ќе има во четврток, кога поради заладување, на планините на северозапад ќе врне снег.

Прогноза за 14.10.2021
Минимална температура: 4°C до 10°C
Максимална температура: 6°C до 11°C
Облачно и студено со врнежи од дожд, кои на повеќе места ќе бидат пообилни. На планините на северозапад ќе врне снег. Ќе дува умерен, а вдолж Повардарието засилен ветер од северен правец.

Прогноза за 15.10.2021
Минимална температура: 3°C до 9°C
Максимална температура: 8°C до 13°C
Облачно и студено со врнежи од дожд, на места пообилни, особено во југоисточните делови. Ќе дува слаб до умерен северен ветер.

Прогноза за 16.10.2021
Минимална температура: 3°C до 9°C
Максимална температура: 6°C до 13°C
Променливо облачно со врнежи од дожд, пообилни претпладне во источните делови. Ќе дува умерен до засилен ветер од северозападен правец.

Можеби ќе ве интересира

ВМРО вели дека граѓаните станале милионери по намалувањето на ДДВ на горивата, возвратија од СДСМ

ДЕСК

СДСМ: Задоцнета и половична мерка на Мицкоски без ефект, горивата пак ќе поскапат

ДЕСК

Полицијата одзеде десетина возила: Лишени од слобода 14 возачи за безобѕирно управување возило, осуммина од нив возеле без положен возачки испит, меѓу нив еден малолетник

ДЕСК