Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

АУДИО: Се допре дното, советниците на кандидат за градоначалник понижуваат гласачи за 500 денари?

Од снимка која се појави на Интернет денеска наводно се слуша како лица кои се на советничката листа од една независна листа се обидуваат да купуваат гласови во Куманово.

На снимка која се појави на ЈуТјуб, наводно се слуша кандидат за советник, како се договара со непознато лице да му обезбеди 50 до 100 гласа. Лицето му кажува дека треба да се плати по 500 денари од човек, плус нешто за него, пренесува Локално.мк.

Потоа, лицето за кое се претпоставува дека е директор во училиште и кандидат за советник, кажува дека дека ќе разговара со кандидатот за градоначалник и дека ќе го извести лицето за тоа дали ќе направат договор, а лицето му кажува да не му споменува кој ќе ги наоѓа гласовите, туку да му каже дека има човек кој бара по 1000 денари од глас и дека ќе обезбеди сто гласови.

Снимката може да ја прегледате тука.

Инаку снимката е објавена утринава, а засега нема потврда за автентичноста.