Centar.mk
ИЗБОРМАКЕДОНИЈА

ТВ 21 го смени форматот, откако Данела Арсовска “побегна” од дуел со Петре Шилегов

Сменет формат на изборна дебата за Скопје, независната кандидатка за градоначалник на Град Скопје, поддржана од ВМРО-ДПМНЕ, Данела Арсовска одби соочување со Петре Шилегов, информира ТВ21.

Вечерва на ТВ21, актуелниот градоначалник на Град Скопје Петре Шилегов ќе учествува на дебата со аналитичарите Имер Селмани и Висар Адеми.

– Во студиото исто така ќе се поставуваат прашања и од студентите, а ќе имаме и поврзување со партиските штабови. Следете не вечерва во живо на ТВ21 во 22:35 часот, соопшти телевизијата.

СДСМ Скопје обвини дека бегањето на Арсовска потсеќа на едни други времиња.

Инаку кандидатите на ВМРО ДПМНЕ во серија бегаат од тв дуели со своите противкандидати од другите партии. Ваква беше сликата за време на режимот на Никола Груевски, кога сите функционери и каднидати на режимската ВМРО ДПМНЕ бегаа од соочување со независни новинари или тв дуели, па така повеќе од една деценија немаше тв дуел меѓу политичките противници.

Можеби ќе ве интересира

Филипче: Ги повикувам сите што знаат дека со оваа власт нема иднина да се приклучат во Фронтот

ДЕСК

Шест возачи лишени од слобода поради безобѕирно управување – тројца биле под дејство на алкохол, двајца предизвикале сообраќајни незгоди

ДЕСК

Николоски на терен: Во Могила градиме улици, канализациони и водоводни системи, спортски комплекс и градинка

ДЕСК