Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

(Видео) Институциите да постапат по скандалот со парцелите на човек близок до Трпковски, бара Каевски

Вчера објавивме како еден близок човек до градоначалникот на општина Сопиште, Стефче Трпковски за краток период стекнал сопственост на различни парцели во Долно Соње, општина Сопиште. Еве дел од тие 28 имотни листови кои покажуваат дека човекот близок до Трпковски во своја сопственост има над 30.000 метри квадратни земјиште во Долно Соње, изјави на денешната прес-конференција Дарко Каевски, пратеник на СДСМ.

Денеска, рече Каевски, ги повикуваме надлежните институции да постапат по допрен глас и да испитаат дали и каква позадина има во овој случај?

„Овој скандал со парцели води директно кон градоначалникот Трпковски, прво затоа што парцелите ги купил негов близок човек и второ затоа што сите тие се наоѓаат на територија на општина Сопиште. Како е можно еден човек близок до актуелниот градоначалник Трпковски за краток временски период да купи над 30.000 метри квадратни земјиште и дали овде станува збор за дил ориентед релации кум-кумашин, како во времето на Никола Груевски и богатење на грбот на граѓаните?“, праша Каевски.

„Наместо по социјалните мрежи напразно да се заканува со тужби, Трпковски треба да излезе пред јавноста и да одговори: Како негов близок за само неколку години станал сопственик на илјадници метри квадратни земјиште? Која е неговата улога во овој скандал со „парцели во Долно Соње“ од 30.000 метри квадратни?“, рече Каевски.

Јавноста, додаде тој, чека одговори од Трпковски и постапување од страна на надлежните институции.

Можеби ќе ве интересира

Мицкоски: Јасно е дека кај многумина има страв од избори, но изборите ќе бидат редовни, во 2028 година

C +

СДСМ: Европа не може да прими во членство организирана криминална група како ВМРО

C +

Тошковски: Новата шалтер сала во МТВ – побрзи услуги и подобри услови за граѓаните и вработените

C +