18.8 C
Скопје
28. март 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ТЕМАМАКЕДОНИЈАИНТЕРВЈУТОП ВЕСТИ

Интервју со Оливер Илиевски: Ја имаме Најдобрата програма, за голема победа на СДСМ во Куманово

Интервју со кандидатот за градоначалник на Општина Куманово од СДСМ и коалицијата Најдоброто за мојата општина, Оливер Илиевски:

  • Ваше мислење за развојот на Куманово во изминатите 4 години?
  • Изминативе 4 години се надевавме на остварување на програмата која беше презентирана пред граѓаните на општина Куманово на локалните избори 2017-та, но за жал од личната агенда на поедници, вмешување во разно разни теми кои не се интерес на локално ниво, изнесување ставови кои во тие моменти воопшто не биле битни, она што требаше да се реализира остана занемарено, а резултатите денес се очигледни. Благодарение само на Владата, 120 милиони евра се вложени во Куманово. Рехабилитиравме над 85 километри локални и регионални патишта Куманово – Свети Николе, Куманово – Никуштак, Куманово – Опае – Слупчане – Белановце кои се целосно реконструирани, Куманово – Крива Паланка, регионалноиот пат од село Војник до Страцин и Страцин – Крива Паланка – граничен премин Деве Баир како главни патни инфраструктурни артерии коишто ќе креираат можност за развој на целиот овој регион. Направивме три училишни спортски сали, едната за економското училиште, втората е во училиштето во Черкезе и третата сала е за техничкото училиште. Градиме фекална канализација во село Тромеѓе, ги заменивме водомерите во Куманово, го градиме рекреативниот центар Студена вода, изградивме фекална канализација во село Речица, Се работи и на пругата Бељаковце – Крива Паланка. Обезбедивме средства за доопремување на детската градинка со капацитет за нови 60 деца, друг проект за адаптација на просторот на Пионерскиот дом во градинка за 40 деца. Целосно го реконструиравме целиот објект во Кумановската касарна. Успеавме дел да ја раздолжиме општината и да ги вратиме во сопственост најзначајните објекти на Куманово, спортската сала, Соколана и реконструкција на Споменик Костурница.

    Во наредниот период мора да ги засукаме ракавите и да се фатиме за работа, затоа што по враќањето во владение на општината, овие објекти треба да се реновираат, да го задржат својот автентитчен изглед, а сепак да блеснат во полн сјај, да ги привлечеме младите кон нив, кон спортот, музиката и дружењето. Линкот општина- влада и обратно секогаш треба да го одржувате, да бидете во постојана, добра комуникација и соработка, да нудите проекти, за да привлечете инвестиции.

    1. На една од дебатите за градоначалник на Куманово зборувавте за долгот на Општина Куманово, сега граѓаните треба да знаат колку е вратен долгот на Општината?

    Во нашата држава постојат позитивни законски регулативи како и сметководствена евиденција. Постои записник за побарувања и обрски на општината.

    Во 2018 година тој долг се зборуваше дека е 17 милиони евра, во 2019 дека е 12 милиони евра, сега се зборува дека е 11 милиони евра, така што во 2018 на почеток е пријавен долг 4 милиони евра, официјален документ од Општина Куманово до Владата, од кои 2 милиони евра се вратени од Владата, а  2 милиони евра од страна на Општината, но тука спаѓаат сите извршни решенија, правниците знаат дека тие до нивно издавање се состојат и од камата од долгот од претходниот период. Не треба да се манипулира со граѓаните, туку да се прикажат официјални бројки.

    ЈП Водовод Куманово во 2017 година по завршна сметка должи 7.3 милиони евра, по 4 години должи 8.3 милиони евра, повеќе за 1 милион од 2017, а ЈП Чистота и зеленило должи 1.2 милиони евра, другите се со помали долгови и сите се слични како во 2017 година. Треба да се каже дека Општина Куманово должи 700.000 евра по тековни обврски, а остатокот се извршни решенија, со се камата по тие извршни решенија. Опепативен буџет за Општина Куманово за 4 години бил 14 милиони евра, од кои 12 милиони требало да се инвестираат во Куманово,

    Во идниот период сето тоа ќе биде анализирано, бидејќи јас лично не гледам инвестиции од 12 милиони евра од страна на Општината, на страна проектите на Владата кои се реализирани.

    1. Зошто вашата програма е најдобра?

    Програмата Најдоброто за Куманово е програма креирана од луѓе-експерти во својата област, кои несебично се посветија на изготвување на истата, врз основа на податоците мапирани од средбите со граѓани кои ги оддржувавме повеќе од една година. Најважно од сé е што за истата направена е финансиска рамка која гарантира дека Програмата ќе биде во целост реализирана. На Програмата работевме цела година, ги скениравме и детектиравме сите проблеми и недостатоци. Развивме концепт за чист и модерен град, со реални и остварливи проекти, зелен град со високи еколошки стандарди, град со решен сообраќаен хаос и енергетски ефикасен, функционална општина со сите европски стандарди на она што значи сервис за граѓаните. Со долгогодишното искуство во  менаџирањето во приватниот и јавниот сектор, недвосмислена е мојата и подготвеноста на на нашиот тим да воведеме нов менаџмент концепт, со цел обезбедување квалитетни и одржливи системски решенија. Промените се можни само ако доволно верувате во нив. Со прогресивна визија и со одговорно и отчетно работење можно е Најдоброто да биде  остварливо за нашата општина.

     

    1. Што предвидувате за младите?

    Светот останува на младите. Во изминатиов период имав можност да остварам средби со многу наши млади и проспертитени луѓе на најразлична возраст и навистина ме исполнува она што го слушам од нив, дека сакаат тука да останат, во својата земја, да се образуваат, надоградуваат и интегрираат во општеството. Токму нивните инспиративни идеи беа еден патоказ при изготвувањето на Програмата. Во програмата грижата ја започнуваме со најмалите со обезбедување на современи услови за правилен раст и развој, со изградба на две детски градинки во населбите Тоде Мендол и Перо Чичо, како и со реконструкција на општинските основни училишта Наим Фрашери, Вук Караџиќ, Христијан Карпош, 11 Октомври, Магдалена Антова, Крсте Мисирков, Браќа Миладиновци, Толи Зордумис со подрачните училишта, Кочо Рацин исто така со подрачните училишта и средните училишта Перо Наков, Гоце Делчев. Со активна заложба од страна на Општината да придонесеме во зголемување на интересот на младите во организирање на младински секции од областа на драмската и филмска ументост, танц, музика, сликарство, младински политики и активизам, заштита на животната средина, младински планинарски друштва. Во програмскиот дел планираме изградба на мултифункционални игралишта како поддршка на младите за рекреација и спортување, детски катичиња низ целата општина, авангарден детски парк, за безгрижно и среќно детство во модерни услови. Со фестивалот Кумановско културно лето, особено кај младите ќе го поттикнеме интересот за уметноста, создавањето дела и ќе го прошириме дијапазонот на нивните гледишта, преку културни работилници за подигање на свеста на младите, за културата, за критичкото разислување и стекнување нови вештини од областа на културата. И не е точно дека младите заминуваат од државата поради нискиот стандард, туку заминуваат токму поради тоа што немаат можности за отворање на сопствен бизнис, за користење на сопствениот потенцијал кон напредокот на градот. Како Градоначалник лично ќе се заложам за брза интеграција на младите во приватниот сектор, кадешто ќе имаат високи плати, да не работат во комунални претпријатија, туку во ИКТ сектор и технолошки центри во новата дигитална индустриска ера, да го изградиме Куманово во град на стартапи, заедно да ја движиме локалната економија напред.

    1. Какви капитални проекти предвидувате?

    Едно што сакам да потенцирам е дека повеќето проекти од Најдобрата Програма, ќе бидат реалзирани со поддршка на централната власт. Ќе дадеме сé од себе да привлечеме што е можно повеќе иинвестиции, бидејќи општината со својот буџет не може тоа самата да го реализира и тоа е нѝ е јасно на сите. Топ 5 најважни проекти за кои се вложивме се: Мој еколог, тоа е системско решение за уредување на секој слободен квадрат, секој тротоар, секое маало. Воведуваме нов начин на работа, менаџмент по квартови, со вработени еколози кои ќе се грижат за секојдневно и континуирано чистење и одржување на зелените ресурси. Реализацијата на „Мој еколог“ ќе оди во пет фази, прво- определување по пет населби секоја година каде ќе се реализира, второ- исцртување на секоја населба, секој влез пред зграда, тротоар, слободен простор од страна на експерти од животна средина и архитекти, трето- поделба на секоја населба на квартови, четврто- уредување на секој квадрат во населба и на крај вработените кои ќе се грижат за чистење и одржување на секој кварт; вториот голем проект е Продлжување на булеварот „Октомвриска револуција“ и поврзување со автопатот Е-75, изведбата потребно е да се реализира во три фази, со целосна техничка документација за одобрение за градба, со реализација за парцелите и објектите кои се наоѓаат по должина на трасата на улицата.Прва фаза- од крстосницата помеѓу улиците Октомвриска револуција и Доне Божинов до крстосницата помеѓу Октомвриска револуција и Братство единство, втора фаза- од крстосницата помеѓу улиците  Октомвриска револуција и Братство единство, до крстосницата помеѓу Октомвриска револуција и Црнотравска и трета фаза- од крстосницата помеѓу улиците Октомвриска револуција и Црнотравска до клучка помеѓу Октомвриска револуција и автопатот „Пријателство“ коридор 10. Со овој проект придонесувам кон локален и регионален економски развој, а воедно ќе се растерети сообраќајот , ќе се овозможи брз проток на возила, односно ќе се избегне метежот низ центарот на градот; третиот проект е изградба на две детски градинки, како што веќе напоменавме во населбите Тоде Мендол и Перо Чичо. Целосно нови објекти, по сите европски стандарди, енергетски ефикасни, а материјалите за изградба ќе бидат еколошки прифатливи. Целта е проширување на пристапот и подобрување на квалитетот во системот за згрижување и воспитание на децата од предучилишна возраст; четвртиот проект е современ кеј, чисти реки, пешачки и вело патеки, тоа значи реконструкција на постоечки кеј со нови фитнес зони и продлжување на истиот до филтер станицата на ЈП Водовод Куманово. Реконструкцијата ќе содржи нова урбана опрема (клупи, канти за отпадоци, опрема за миленици). Воедно по течението на р.Кумановка предвидуваме нов кеј и поврзување со четири мостови со веќе постоечкиот кеј. На ново изградениот кеј ќе има пешачка и вело патека како и четири проширувања со најразлични содржини за рекреација за сите генерации и еден дел за домашните миленици. Пешачката и вело патека ќе бидат физички одделени со дрвореди и ќе засадиме околу 1800 млади садници на тоа место. Вело патеката од 9 км долж течението на реката не запира тука, планирана е изработка на проект за регулација на речното корито на р. Липковка и р. Којнарка, со што ќе добиеме уште повеќе стази за пешачење, а воедно и нови вело патеки и комплетно средени речни корита. Во тој зафат на р. Липковка од должина 1 800 м ќе засадиме 360 нови саднци, а на р. Којнарка околу 4 000 м пешачка зона со вело патека која физички ќе биде одделена со 800 садници. На влезот во Куманово на двете реки ќе изградиме таложник за таложење на муљ, кој редовно ќе се чисти, редовно чистење на таложниците на улица Ѓорче Петров, поставување на мрежни или лебдечки граничници кај таложниците и на други критични точки за собирање ѓубре и нивно секојдневно чистење од страна на Мој еколог; и петиот голем проект е изградба на три катни гаражи со што ќе го решиме сообраќајниот метеж. Предвидено е изготвување на проектна документација и изградба на катни гаражи во централното градско подрачје. Согласно параметри на важечкиот урбанистички плна за општина Куманово предвидени се и испланирани 1418 паркинг места на градежни маркици- катни гаражи во централното градско подрачје и тоа, градежна парцела помеѓу Дом на култура и улица Тане Георгиев- 140 паркинг места, градежна парцела зад Нама, помеѓу улиците Ленинова и Доне Божинов- 912 паркинг места, градежна парцела зад АВРСМ- Центар за вработување и Центар за социјални работи улица Тодор Велков- 366 паркинг места. Тоа се петте најголеми проекти, а секако дека има и други предвидени проекти дефинирани за конкретни целни групи.

    1. Порака до читателите

    Додека некој тврди дека програмата е листа на желби, за мене Програмата е план за работа и обврска. И не само пишаната програма, подготвен сум да ги слушам и решавам вашите тековни проблеми. Нашите проекти не се скапи макети од стиропор спонзорирани од Белата палата, туку квалитетни, долгорочни и современи решенија за потребите на кумановци кои ќе ги користат и идните генерации. Не случајно 30 години му ја давате вашата доверба на СДСМ. На 17- ти октомври ве повикувам да им покажеме на сите дека сепак СДСМ го има најдоброто за Куманово. На 17- ти октомври да заокружиме број 12!

    Спонзорирано: